ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР СО ДАНИЕЛ СТОЈЧЕВСКИ

Почнаа подготовките за реконструкција на плоштадот пред Центарот за култура. Деталите од договорот се познати на јавноста. Знаеме која фирма го добила тендерот. Знаеме фирмата изведувач што треба да направи. За колку пари и до кога. Она што не знаеме е што работеа на плоштадот вработени во ЈП Чистота и зеленило? Каде и за која намена ќе се користи материјалот соберен со подготовките за реконструкција.

Најпрвин благодарам на прашањето и мислам дека е во ред и така треба јавноста целосно да биде запознаена како се трошат народните пари и што се случува со имотот, кој е платен од општинскиот буџет. Општина Куманово и јавните претпријата секогаш биле транспаренти во работата, така ќе биде и понатаму.

Впрочем  таквата транспарентност и домаќинското работење вродуваат со плод и добри резултати, особено врз финансискиот дел што е белег во последните неколку години на локалната самоуправа.

Што се однесува конкретно до прашањето, знаете дека во минатото често бевме сведоци на разни чаршиски муабети каде се завршува општинскиот имот и урбаната опрема.

Во овој период кога конечно после подолго време се врши реконструкција на малиот плоштад, ние како јавно претпријатие имаме добиено налог од општина Куманово, за собирање и складирање во нашите простории на целокупната урбана опрема и градежен материјал кој што ќе може дополнително да се искористи за санирање или доуредување на јавните површини во нашата општина. Урбаната опрема ќе биде поставена на нови локации или ќе се изврши замена во некои делови каде што ќе има потреба, а истото ќе се случи и со градежниот материјал кој што ќе може да се искористи.

Овој начин на работа го сметам како исклучиво домаќински, начин на кој треба да работат и сите останати.

Одговорно и домаќински да се однесуваме со нашиот заеднички имот.

Вас како медиум ве повикувам да ги посетите нашите простории да направите една репортажа и граѓаните да бидат запознаени што се случува и како ќе биде употребена оваа урбана опрема и градежен материјал. Нормално во соработка со општината.

Даниел Стојчевски

Директор на ЈП Чистота и зеленило

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст