Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска и додека на социјалните мрежи се разгорува „Рат ружа” (чии судии се покорумпирани, на СДСМ или на ВМРО) – што вели Законот и како Вие, кога би биле правен советник во Владата, би го составиле соопштението за јавноста без да му се додворувате на народот дека „заслужува” правда?

 

Виктор Божиновски, адвокат:

Во врска со вашето прашање би сакал да дадам неколку забелешки, односно мои видувања по однос на истото:

Прво, целосно се неосновани барањата на владеачката структура судијката Даниела Алексовска Стојановска да биде разрешена од функцијата судија, ниту против неа да се поведе истражна постапка, бидејќи од формално-правен аспект судијката постапила согласно одредбите на Кривичниот законик, Законот за кривична постапка и Законот за правда на децата, кога во претходната пресуда истата го упатила сторителот во воспитно-поправен дом со оглед на фактот дека наведените закони тоа го дозволуваат, па од тој аспект судијката нема направено никаква повреда на законските прописи.

Второ, лично сметам дека судијката единствено што погрешила е што погрешно проценила дека со мерката упатување ВП Дом ќе се остварат целите на казнувањето предвидени во Кривичниот законик, односно дека и со таква мерка ќе се остварат целите, како на генерален така и на поединечен план предвидени во членот 32 од Кривичниот законик, иако помеѓу двете дела – производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик и новото сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од член 300 од Кривичниот законик, реално не постои никаква поврзаност.

Во конкретниот случај, едноставно нема олеснувачки околности на страна на сторителот на делото бидејќи истиот возел со над 120 километри на час, што е недозволено за булевар во главниот град, немал возачка дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, со што сторил четири прекршоци против безбедноста во ссобраќајот што доведе до трагичната смрт на младата девојка, па оттаму сметам, како поборник за остра казнена политика во вакви случаи, дека истиот треба да се казни што е можно построго, со ефективна казна затвор, а уште еднаш потенцирам дека овој случај воопшто нема никаква причинско-последична врска со претходниот, па оттаму повиците за разрешување и кривична одговорност на судијката која го водела претходниот предмет од страна на владеачката структура и дел од медиумите кои се наклонети кон власта се целосно неосновани.

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Ненад Стојановски, директор на ЈП...

Плоштад: Г-дине Стојановски, Дали Вие како директор на едно од најважните јавни претпријатија во градот може да дадете совет како емотивната состојба да ја одделиме потполно...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст