Едно прашање – еден одговор со Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“, Куманово

Плоштад:

Г-дине Стојановски,

Дали Вие како директор на едно од најважните јавни претпријатија во градот може да дадете совет како емотивната состојба да ја одделиме потполно од деловниот, професионален начин на работење?

Пример бр.1: „Бидејќи не можеме никако да ги одбиеме тие „со врски“, мора да примаме и лица со тешки болести, за кои немаме ниту услови, ниту стручен кадар, во домовите за стари лица…“;

Пример бр.2: „Како да им забраниме на луѓето кои ги погребале своите најмили да градат настрешници и да го уредуваат спрема сопствен план гробното место кое уредно го плаќаат?“.

Поради истата емотивна нишка, на кумановци им е полесно да колнат и пцујат, отколку да ги решаваат работите суштински. А, што, всушност беше суштината на сечењето дрва на гробиштата?

Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово:

За да функционираат работите како што треба мора да постои систем.

Системот го создаваме ние и истиот може да опстои и да функционира како систем само и единствено доколку се почитуваат законите, законските определби (акти ) и се спроведуваат принципите и кодексите од менаџерите на сите нивоа и тоа неселективно.

Доколку принципиелниот менаџер на кое било ниво работи неселективно и е против непотистичката компонента, може да се разговара за систем.

Мора да научиме да кажеме „не“ на тие „со врски”. Како да се каже Не? Доколку не зависите од никој и немате долгови спрема „тие со врски”, а го почитувате принципот на неселективност, Вие сте на половина пат до системот.

„Не“ на тие со врски и позиционирање на вистински луѓе на прави места – и веќе имате 75% систем. Останатото е работа и само труд кон остварување на повисоки цели. Доколку и на останатите нивоа инсталирате повеќе менаџери по ваков принцип, во тој случај „нема да примате лица со тешки болести, ниту нестручен кадар во домовите”, значи, исклучиво тргнувајќи од тоа „не“ спрема најблиските.

Во однос на второто прашање, како да им забраниме на луѓето кои ги погребале своите најмили да градат настрешници и сами да го уредуваат гробното место кое уредно го плаќаат, одговорот лежи во спроведување и тоа, повторувам, неселективно, на Законот за гробишта, каде јасно е наведено како треба да изгледа гробно место – од димензии до почитување на останатите законски норми. Не смеат да се градат настрешници и огради вон пропишаните законски рамки, за гробните места е одговорно ЈП „Чистота и зеленило” по делегирана надлежност од Општина Куманово и ние како претпријатие не дозволуваме ниту настрешници, ниту огради вон стандардите и прописите апсолутно за никој, без исклучок. Сите оние кои тоа го направиле, неовластено и сами го имаат изградено, а за тоа има служби што треба да го решаваат.

Сечењето на дрвја на гробишта е наша обврска за одржување на гробиштата. По барања на граѓани и по констатирање на фактичката состојба, истите дрвја што се исекоа, а која снимка некој неовластено и незаконски ја снимил и за која работа Општина Куманово треба да поднесе кривична пријава за неовластено снимање, истите дрвја кои со решение од комисијата за сечење дрвја, а по наше барање на иницијатива на сопствениците на гробните места, истите дрвја ги поткопуваа тие гробови и можеа да ги оштетат. ЈП „Чистота и зеленило“, законски, во своите надлежности ги има исечено опасните дрвја, како би можеле граѓаните кои уредно плаќаат да ја добијат услугата од нас за која имаме обврска да ја исполнуваме во целост и во склад со законските процедури.

Р.П.

 

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст