Eдно прашање – еден одговор со Ненад Стојановски

Плоштад: Што е најдобро да се направи во ситуација кога граѓанската свест е на ниво „нови канти за отпад пливаат грбно во реката“? Каква генералка ни е потребна на сите нас, не само кога е во прашање еколошката свест?

Ненад Стојановски, директор на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово:

Граѓанската свест е резултат првенствено на домашното воспитување, понатаму на образовниот процес и секако општествениот живот во кој спаѓаат и моралните норми и самото уредување. Во ситуација каде недостасува или има погрешно домашно воспитување, едукативниот процес не си ја завршил својата функција и кога не постојат санкции имаме состојби да „канти пливаат грбно”, како што вие милувате да се изразувате. Нам ни е потребна „комплетна генералка“ по принципот на Северна Кореја и тоа не само кога станува збор за еколошката свест, туку и за целокупниот општествен живот. Доколку сакаме да направиме држава, ќе мора да се преправиме самите себеси. Три чекори се пресудни:

  1. Едукација како се одгледува дете
  2. Образовна реформа каде ќе има природна селекција и овој систем комплетно ќе се смени
  3. Постоење на одговорност каде ќе има и казна и награда

Прашањето е:  Каков облик на владеење (диктатура) нам ни е потребна?!?

Р.П.

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст