Маја Јовановска Костовска, Здружение „Позитиво МС“

Подигање на свеста за лица заболени од МС е само почеток на нашата хумана акција – Маја Јовановска Костовска, претседател на Здружението „Позитиво МС“ за Плоштад. 

Почитувана и драга г-ѓо Костовска, кажете ни како во ова „негативо“ време, успевате да бидете „позитиво“, со сета моќ на одомаќениот збор во нашиот јазик, со сета симболика што тој ја носи со себе во Вашата идеја за отворање на здружение и битките кои, најверојатно, многу често ќе ги водите сами низ лавиринтите на здравствениот систем. Како да Ви помогнеме сите ние, авто-имуно болни или имуни на лечењето преку смс пораки?

Иницијативата за формирање на ова здружение за поддршка на семејства на лица со мултипла склероза и автоимуни болести, потекнува пред 10 години.

Тогаш за првпат се сретнав со оваа болест.

Започна неизвесна борба и талкање по лавиринтите на здравствениот систем. Суровата вистина и фаќањето во костец со реалноста ме правеа силна да одам напред, да се соочам со сите предизвици, што не беа едноставни. Свесна дека морам сама да истражувам, да се информирам од сите аспекти за болеста, чекорев напред без да запрам.

Мултипла склероза (скратено МС), исто така е позната како „болест со 1000 лица“ или автоимуна болест при која има оштетување на масните миелински обвивки на нервните клетки во мозокот и ‘рбетниот мозок.

Како посебни симптоми може да јави двоен вид, губење на видот, слабост на мускулите и губење на осет на ектремитетите. Лекувањето е долготрајно, а причинителите се непознати.

Во состојба на МС сопствениот имунолошки систем на телото го напаѓа и го оштетува миелинот. Не постои познат лек за МС, третманите се обидуваат да ги повратат функциите по нападот, да спречат нов напад и да спречат попреченост. Многу од пациентите користат алтернативни третмани и покрај недостаток на подржувачки научни студии.

Во Македонија последните информации се дека на годишно ниво има од 90 до 120 заболени лица од МС, а 60 лица се на листа за чекање, за соодветна терапија. Поразителен е податокот што говори за долната граница на заболени лица од 17 годишна возраст (за разлика од порано, 20 годишна возраст).

Во соседните држави постојат центри за рехабилитација, психолошка и психијатриска терапија, физиотерапевтски третмани и бањско лекување.

Во нашата земја лекувањето се сведува само на лекови.

Главна цел на Здружението Позитиво МС е подигање на јавната свест на повисоко ниво, доближување до повисоки стандарди кои би придонеле за поефикасно решавање и помош на заболените лица (слично како во странски држави).

По формирање на Здружението, се одржа промотивен хуманитарен настан во локалитетот Касапски круг во Куманово, на 2 јуни.

На настанот беа изложени рачни изработки од брендот „Стела“, што успешно опстојува 5 години, комплетна креација на претседателката на Здружението, Маја Јовановска Костовска и нејзиниот тим.

По настанот е склучен договор со меѓуопштинското здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – Мобилност Велес.

Идејата е да се организираат каравани по други градови во Македонија за да се подигне свеста на повисоко ниво за мултипла склероза и автоимуни болести.

Дел од собраните средства од хуманитарниот настан се донирани за потребите на лицето М.Е. (44 год.) од Куманово, кое боледува 13 години од МС и има потреба од медицинска масажа.

Позитиво МС склучи договор за соработка со Центар за рехабилитација , масажа и одржување на тело “Физиолајф” – Куманово.

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст