ЕДНО ПРАШАЊЕ ЕДЕН ОДГОВОР со Владимир Николовски

„Не можам да платам, не сакам да платам“ – Премиера на режисерот за кој допрва ќе се зборува во Куманово и пошироко – Владимир Николовски.
17 мај, 20:00 ч. НУЦК „Трајко Прокопиев“, фарса на Дарио Фо во Куманово
Владимир, редакцијата на Плоштад Ве замолува да откриете ексклузивно кој тоа не може или не сака да плати, се разбира, во Вашата театарска претстава што премиерно ќе биде изведена во петок, 17 мај, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Ексклузивно откриваме дека народот е гладен, покрај високите цени и ниските плати народот сè помалку има пари за јадење, да не зборам за кирија или плаќање сметки, сè расте освен платите на работниците кои на плеќи ја носат државата.
Претставата е една фарса, која како жанр е многу позната на нашата публика, како допадлив жанр што и самиот Дарио Фо го користи за да пренесе една многу горчлива порака, во која ликовите креваат револуција и на еден нивен начин се обидуваат да се справат со системот. Претставата ја правиме со цел да фрлиме едно жарче во публиката што во неа треба да разгори своевидна револуција. Многу сум благодарен на мојата екипа и на плодната соработка со нив, но и на Министерство за култура, Театар Куманово и НУЦК „Трајко Прокопиев“ за шансата што ми ја дадоа да ја остварам својата прва претстава по дипломирањето. Во екипата за прв пат на театарска сцена настапуваат и Марио Стошевски како сценограф и Елена Ристевска како костимограф – млади луѓе кои сакаат театар и сега имаа шанса да бидат дел од една креација што, надежно, ќе биде многу играна и гледана.

Владимир Николовски, режисер

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст