Горан Илиќ Гиле зборува за еден прекрасен мјузикл

„Децата имаат пургативна моќ и зацелуваат рани“ – кумановскиот актер и режисер, Горан Илиќ Гиле, ни даде „тизер“ за мјузиклот што го режира!

Пред да ни откриете нешто повеќе за мјузиклот што го режирате и што наскоро се очекува да биде поставен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ (оти Народниот театар сеуште не е реновиран), кажете ни, Гиле, дали е вистина дека квалитетните звучни системи, опремата за осветлување, како и пронаоѓањето на талентирани актери кои можат да пеат, танцуваат и глумат може да биде еден од најголемите предизвици во Вашата актерска и режисерска кариера? Не дека не сте биле соочени досега со креативни визии наспроти ограничени буџети (и умови).

Во време кога бев доста млад и кога ги правев првите чекори на даските што живот значат, слушајќи ги моите постари колеги како теоретизираат за театарот, неретко ми фалеа информации за потполно да ги разберам и на некој начин рамноправно да се приклучам во магичниот свет на театарот. За да го остварам тој сон почнав да читам театарска литература, онака на тепка, без некој ред што создаваше хаотичност во мојата глава. И така дојдов до една мисла од големиот руски режисер Вахтангов (Јевгениј Богратинович) кој вели: „Големата уметност се раѓа тогаш кога љубовта или омразата ќе се спојат со разумот.“ И таа мисла скоро цел мој театарски живот е моја водилка. Ама само љубовта. Така и кога ми беше предложено да работам со децата од Мак Денс на мјузиклот „Авантурите на Џон Пиплфокс“ за да си го исполнам заветот кој сам себе си го дадов, дека преку театарот ќе еманирам енергија на хуманитет и љубов, со задоволство станав дел од оваа приказна. И ако кажам дека „децата се украс на светот“, можеби ќе личи на излитена фраза, но јас, тоа навистина го чувствувам. Јас никогаш не сум калкулирал со театарот, на задачите секогаш целосно им се посветував, па уште поголемо е задоволството кога на таа посветеност некој ќе ви возврати. Со оваа група на деца и млади луѓе, ја чувствувам возвратената енергија која значи љубов, посветеност , работа без калкулирање. Особено што децата имаат моќ да ги зацелат раните кои на нас возрасните животниот работен век знаел да ни ги отвори. А децата имаат и пургативна, прочистувачка моќ и знаат да ги изгонат лошите мисли, сомнежи и скепси. Ни ја враќаат вербата во доброто, во убавото, вербата во сонот. Тие знаат да ме внесат во тој сон и да го разбудат детето во мене. Малку е чудно, нели? Ама е возможно. А јас ја сакам таа чудна игра и за тоа сум им благодарен. А театарот е игра, зарем не? Либретото за мјузиклот е на Ненад Витанов, според делото на Душко Радовиќ. Режијата е на Горан Илиќ. Кореографијата на Мерлин Мери Стојановска. Музика: Шпенд Љатифи. Костими: Александар Рашковиќ.

Играта продолжува…

слични постови

Бадникова поворка 2026

Околу подготовките за настанот „Бадникова поворка 2026“ ја контактиравме Ружица Денковска, еден од организаторите и член на Здружението „Бадникови поворки“ Еве ја нејзината порака...

Мартин Костовски ќе биде нов градоначелник на Куманово

Почитувани пријатели на Плоштад, продолжуваме со рубриката „Едно прашање - еден одговор“. Во октомври ќе имаме локални избори и околу изборниот резултат ќе има жестока битка...

Не е причинета штета на ниту еден корисник на услугите на...

По повод разните шпекулации за скандалот во ЈП „Водовод“ од директорот Оливер Стојмановски побаравме изјава. Неговата изјава, во форма на соопштение, ја пренесуваме во...

Едно прашање – еден одговор со Виктор Божиновски

Плоштад: Г-дине Божиновски, додека владеачката партија преку соопштенија бара правда, го повикува Јавното обвинителство да отвори истражна постапка и предлага Судскиот совет да ја разреши...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст