Нашите распеани деца ќе одат на музички фестивали во Бугарија и Србија

Од фестивалот „Распеано детство“ до меѓународни фестивали – Јана Трајковска и Ана Александра Илиевска, така се почнува музичка кариера

 

На осми јуни, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ се одржа деветнаесеттиот фестивал на детска песна „РАСПЕАНО ДЕТСТВО“.

Овој фестивал се одржува во рамките на чествувањето на 1 јуни – „Светскиот ден за заштита на правата на детето“.

Потсетуваме дека настапија 18 деца, според музичките критичари оценети како идни ѕвезди на македонското естрадно небо, како и гости од Србија и Бугарија кои го потврдија меѓународниот карактер на фестивалот.

Организаторите информираат дека подготовките за идното 20-то издание се веќе во тек.

„Распеано детство“ е фестивал што е вмрежен, односно пријател со најзначајните фестивали кај нас и во поширокото соседство. Како резултат на ваков пристап и организација, наши претставници ќе земат учество како гости на два фестивала и тоа: Јана Трајковска со песната „Школото е место добро“, која ќе се претстави на 27 септември на меѓународниот фестивал на детска песна „Златни јаболки“, во Ќустендил – Бугарија, а Ана Александра Илиевска со песната „Среќа ли е“ ќе учествува на меѓународниот фестивал на детска песна „Ја сам твој друг“, во Пожега – Србија, на 20 септември.

Детски, но сериозно распеани, извежбани од своите ментори, талентирани достојно да го претстават Куманово и фестивалот „Распеано детство“ – Јана и Ана – да ги добиете најгласните овации и да ни раскажете како сте поминале!

 

Р.П.

слични постови

Мартинијан Кириловски продолжува да го освојува регионот

Нашиот поп-пејач Мартинијан Кириловски ова лето ќе настапи на годинашното издание на еден од најпознатите музички фестивали во регионот – „Бисер Јадрана“, кој ќе...

Една слика, илјада приказни

Генерациските средби — кога времето не нè разделува, туку повторно нè спојува Постојат средби што траат една вечер. И постојат средби што го будат целиот еден...

Real Betis Academy пристигнува во Куманово

Куманово станува препознатлива фудбалска приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié — клуб со 115 годишна традиција и оваа...

Фудбалско семејство „ФК Биџо“

Предновогодишната забава на ФК „Биџо“ можете да го гледате на нашата фејсбук страна.

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст