Real Betis Academy пристигнува во Куманово

Куманово станува препознатлива фудбалска приказни во светот.
Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié — клуб со 115 годишна традиција и оваа сезона повторно учесник во УЕФА Лигата на шампионите — првпат пристигнува во Македонија.
Од 19 до 21 јуни 2026, во MM SPORT Евент Центар во Куманово, ќе се одржи фудбалскиот камп со кој започнува соработката меѓу Севиља и нашиот град.
Но најважниот збор во оваа приказна не е „клуб“, ниту „академија“ — туку детето. Целиот проект е градан околу едно прашање: како од едно дете да изградиме силен карактер, личност со интегритет и здрава иднина?
Шпанската фудбалска филозофија со децении ја докажува сопствената вредност.Таа не учи само како се игра фудбал — таа го гради целиот спортист: силен менталитет што не паѓа по првиот неуспех, дисциплина што останува и кога никој не гледа, разбирање на суштината на играта, тактичка зрелост, врвна физичка подготвеност и оној непоколеблив спортски дух што и подоцна, надвор од теренот, ги прави луѓето победници во животот. Тоа е токму суштината на методологијата „La Cantera“ на Real Betis — истиот систем што изродил играчи кои денес носат дресови во La Liga и националните репрезентации, а ќе ја носат и нашата младина.
Тренинзите ќе ги водат тренери директно делегирани од Real Betis Foundation заедно со локални тренери, на FIFA-сертифициран терен со сите безбедносни и медицински стандарди. Кампот е наменет за деца родени помеѓу 2012 и 2019 година (7 до 14 години).
Ги повикуваме сите родители и деца од Куманово и Македонија — ова е момент што не се пропушта.
МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ, А ИНТЕРЕСОТ РАСНЕ.
Дозволете му на вашето дете да чекори по истиот пат по кој денес чекорат најголемите имиња на европскиот фудбал.
Пријавите се отворени. Контакт и регистрација на: www.mmsport.mk • [email protected] • +389 78 54 34 84

Марјан Петрушевски

слични постови

Мартинијан Кириловски продолжува да го освојува регионот

Нашиот поп-пејач Мартинијан Кириловски ова лето ќе настапи на годинашното издание на еден од најпознатите музички фестивали во регионот – „Бисер Јадрана“, кој ќе...

Една слика, илјада приказни

Генерациските средби — кога времето не нè разделува, туку повторно нè спојува Постојат средби што траат една вечер. И постојат средби што го будат целиот еден...

Фудбалско семејство „ФК Биџо“

Предновогодишната забава на ФК „Биџо“ можете да го гледате на нашата фејсбук страна.

„Луто пиле“ во Куманово

Денеска се отвори новата сендвичара „Sandwich King“, сместена карши Рим Париз, на атрактивна и лесно достапна локација. Во пријатен простор од 28 м², „Sandwich King“...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст