Игор Клековски – Клеко

Продолжуваме со рубриката ДРИМ ТИМ, овој пат составувајќи ракометни екипи. Наш гостин е Игор Клековски – Клеко, човек што оставил голема трага во кумановскиот и македонскиот ракомет.

Кариерата ја почнува 1986 година во РК Куманово, а по играњето во сезоната 1999-2000, во РК Металург, ја завршува. Дел е од шампионската екипа на РК Шевро Куманово, која 1993 година го освојува Купот на Македонија, а два пати бил тренер и претседател на овој ракометен клуб. Кога му понудивме да биде наш гостин, со задоволство прифати, но и со искрен коментар: – „Kако да издвојам по 7 играчи на толку квалитетни ракометари кои играле за РК Куманово и репрезентацијата на Македонија?“.

Токму во тоа е и предизвикот, Клеко.

Во продолжение е неговиот избор за ракометниот „дрим тим“.

1. Љубен Веселиновски – Четка
2. Игор Тасевски – Скопски
3. Никица Кипријановски – Кипро
4. Новица Георгиевски – Ноце
5. Горан Миладиновски – Горчо
6. Љубо Стефановски – Кокошка
7. Перица Јовановски – Џиџе 

Тренер

Антонио Ивановски – Љато

1. Дејан Кимевски – Киме
2. Александар Трајковски – Белчо
3. Кире Лазаров
4. Боро Ќурлески
5. Пепи Манасков
6. Зоран Кузмановски – Кузе
7. Гоце Волчевски – Верди

Тренер

Димитар Антевски

слични постови

Горан Димитријевиќ – Диме

Рубриката „дрим тим“ ја продолжуваме со кошарка. А, кога станува збор за овој спорт, неизбежно беше да го повикаме како гостин Горан Димитријевиќ –...

Сашо Костовски – Делија

Сашо Костовски е страствен љубител на најважната споредна работа на светот. Делија, но го цени и Предраг Мијатовиќ за кој смета дека единствена маана му...

Сашо Костовски – Делија

Сашо Костовски е страствен љубител на најважната споредна работа на светот. Делија, но го цени и Предраг Мијатовиќ за кој смета дека единствена маана му...

Шенџан Јусуф – Шуми, спортски новинар

Спортските муабети, особено за фудбалот, во Куманово не се целосни без Шенџан Јусуф-Шуми. Тој е спортски новинар со богата кариера. Беше и фудбалски судија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст