Горан Димитријевиќ – Диме

Рубриката „дрим тим“ ја продолжуваме со кошарка. А, кога станува збор за овој спорт, неизбежно беше да го повикаме како гостин Горан Димитријевиќ – Диме, импресивно име во кумановската и македонската кошарка. Да се потсетиме на дел од неговите достигнувања:

Кариерата ја започнува во сезоната 1984/85 година, како дел од кадетската екипа на КК Куманово; за првиот тим на КК Куманово дебитира сезоната 1987/88; за КК Кочани Деликатес игра во сезоните 1994/95 и 1995/96 година.

Уште во првта сезона го освојува македонскиот куп.

Потоа заминува во КК Годел Работнички, каде што постигнува фантастични резултати.

Два пати е првак на Македонија – во сезоните 96/97 и 97/98.

Македонскиот куп со КК Годел Работнички го освојува во сезоната 97/98.

Сезоните 1998/1999 и 1999/2000 игра за КК Куманово.

Кариерата ја завршува во КК Вардар, во Скопје, во сезона 2000/2001.

Во интервју за Плоштад, што ни го вети наскоро, Димитријевиќ ќе зборува многу повеќе за својата кариера, оти премногу работи останаа недоречени од тоа време, особено за моментите кога во своето родно Куманово спортската сала скандираше „Диме педеру“.

Но, најпрвин, еве како тој ги состави своите „дрим тимс“, за Куманово, Македонија и за баскет екипата за која тврди дека е непобедлива. Кој не верува, може да провери во секое време, сосема хетеросексуално предизвикува Диме.

 

1. Страшко Тодоровиќ – Страше
2. Горан Димитријевиќ – Диме
3. Сашо Младенов – Овчар
4. Зоран Петрушевски – Џана
5. Владимир Боцевски

Тренер

Раде Георгиевски

1. Врбица Стефанов
2. Петар Наумовски
3. Дејан Јовановски
4. Тодор Гечевски
5. Перо Антиќ

Тренер

Марин Докузовски

Оваа екипа и денес е непобедива.
Ако некој не верува,во секое време може да закаже натпревар.

1. Страшко Тодоровиќ – Страше
2. Горан Димитријевиќ – Диме
3. Дејан Димковски – Дремчо
4. Предраг Митевски – Перо клуб
5. Антонио Трајковски – Коска

М.С.

слични постови

Игор Клековски – Клеко

Продолжуваме со рубриката ДРИМ ТИМ, овој пат составувајќи ракометни екипи. Наш гостин е Игор Клековски - Клеко, човек што оставил голема трага во кумановскиот...

Сашо Костовски – Делија

Сашо Костовски е страствен љубител на најважната споредна работа на светот. Делија, но го цени и Предраг Мијатовиќ за кој смета дека единствена маана му...

Сашо Костовски – Делија

Сашо Костовски е страствен љубител на најважната споредна работа на светот. Делија, но го цени и Предраг Мијатовиќ за кој смета дека единствена маана му...

Шенџан Јусуф – Шуми, спортски новинар

Спортските муабети, особено за фудбалот, во Куманово не се целосни без Шенџан Јусуф-Шуми. Тој е спортски новинар со богата кариера. Беше и фудбалски судија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст