ШТО ЌЕ ПРАВАТ ДЕНЕСКА?

Јасмина Зисовска – Зис е историчар на уметност, со речиси 40 години искуство. Таа е позната по тоа што е борец без пардон за заштита на македонското културно наследство. Особено за заштита на црквата Св. Богородица во манастирскиот комплекс Матејче. И покрај тоа што денес е пензионер, таа и понатаму ги следи состојбите со она што се случува со заштитените добра особено во кумановскиот крај.

Ја прашавме што конкретно правеше денеска?

-Денеска, откако истрчав еден круг околу лавиринтот во македонското здравство, поради здравствени причини повеќе сум дома и затоа од понеделник и денес решив да почнам со една поголема операција на средување на фотодокументација направена во претходните 17 години низ Македонија. Бидејќи имам илјадници на број, решив да ги селектирам по објекти, за да ги објавам, се надевам во некоја публикација, се’ со цел да биде сочувано и документирано културното наследство низ фотографии. Ова е многу обемна работа и морам да кажам дека фотографииите се навистина многу убави, бидејќи се отсликува убавината на Македонија, од пејзажи до објекти на кои сум одела на увиди. Поради тоа што оваа работа ќе бара повеќе време додека се направи избор. Но, читателите верувам ќе имаат можност да уживаат во нив. Мал дел фотографии се објавувани на мојата ФБ страница, за кои моите пријатели велеа: “дека додека патувам патувааат и тие” и признаваат колку не си ја познаваат земјата. Посветена сум на она во што јас верувам и не сакам да навлегувам во размислувања зошто политичарите само на зборови го штитат нашето културно наследство, и се “гордеат” со него, а од друга страна гледаме колку полека полека се’ ни оди во неповрат. Јас длабоко верувам дека моите напори и напорите на
моите колеги истомисленици, и покрај многуте опструкции, ќе вродат со плод. Тоа им го должиме и на нашите претци, а особено на генерациите после нас.

слични постови

Што ќе прават денеска – Дарко Стеван Грубор, специјално од Будва

Кумановски Алан Форд, невероватно харизматичан, духовит, старовремски васпитан, култан лик на чаршију док имасмо чаршију у девеести године на прошли век...Дарко Грубор, уз јавно...

Што ќе прават денеска – Дарко Стеван Грубор, специјално од Будва

Кумановски Алан Форд, невероватно харизматичан, духовит, старовремски васпитан, култан лик на чаршију док имасмо чаршију у девеести године на прошли век...Дарко Грубор, уз јавно...

Што ќе прават денеска – Драган Јаким

Пак ќе се разбудам од 6 до 6.30 часот вообичаено. Црно кафе, македонско, јако, за рассонување, вообичаено. Подготовка за професионалните активности во училиштето ДСУ РЦСОО „Киро...

Муарем Шакировски Ганди

Го прашавме Муарем Шакировски Ганди, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност - Скопје и магистрант по криминалистика на истиот факултет, што ќе прави денеска,...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст