ШТО ЌЕ ПРАВАТ ДЕНЕСКА

Јован Арсовски Јозо е професионален фотограф од Куманово веќе 35 години. Ако за некого важи изреката „ вода ќе застане, он не“, тоа е дефинитивно тој. Пргав, љубезен, креативен, остроумен, вистински мајстор со објективот и неуморен трагач за нови технолошки алатки во својата делатност. Го сретнавме една квечерина на Плоштад и го испрашавме што работеше во текот на тој ден.

Ранобудник сум.  Денот го започнувам со кратка купка, кафе и мојот волшебен напиток: цеден лимон со мед, ѓумбир и куркума и една полна дланка апетисани.

Го разгледувам списокот со активности за тој ден и анализирам како е најдобро да се распоредат обврските. Се упатувам кон своето мало царство – фото студио „Плус“. Таму договарам средби со клиенти. Среќен сум што одлично се разбираме со мојата соработничка Христина-Кики. Се работи за млада, талентирана и мошне креативна личност која овој занает го сака, па не ѝ е тешко да трага по нови методи за усовршување на фотографските техники. Тоа е особено важно во кој било бизнис, а и не поднесувам мрзливи луѓе, en general.

Деновиве заедно го подготвуваме студиото за сликање на нашите полуматуранти, а имаме и многу други идеи за кои разговараме и наоѓаме начини да ги имплементираме. Една од нив, интуитивно знам дека ќе им се бендиса ептен на кумановци и дека после такво фотографско искуство ќе ја сменат на подобро својата перцепција за вештачката интелигенција. По паузата за ручек, им пристапувам на сé почестите нарачки за изработка на карикатури, направени по нечија фотографија, кои се одлична идеја за подарок во која било пригода; потоа, со не помал ентузијазам, правам персонализирани отпечатоци на шолји, магнети, торби, нотеси, флаери и други предмети, по желба на клиентите.

Само не сликам за лични документи (се смешка).

Навечер задолжително се дружам со своите пријатели, а како филмоман, не пропуштам да изгледам и добар филм

слични постови

Што ќе прават денеска – Дарко Стеван Грубор, специјално од Будва

Кумановски Алан Форд, невероватно харизматичан, духовит, старовремски васпитан, култан лик на чаршију док имасмо чаршију у девеести године на прошли век...Дарко Грубор, уз јавно...

Што ќе прават денеска – Дарко Стеван Грубор, специјално од Будва

Кумановски Алан Форд, невероватно харизматичан, духовит, старовремски васпитан, култан лик на чаршију док имасмо чаршију у девеести године на прошли век...Дарко Грубор, уз јавно...

Што ќе прават денеска – Драган Јаким

Пак ќе се разбудам од 6 до 6.30 часот вообичаено. Црно кафе, македонско, јако, за рассонување, вообичаено. Подготовка за професионалните активности во училиштето ДСУ РЦСОО „Киро...

Муарем Шакировски Ганди

Го прашавме Муарем Шакировски Ганди, дипломиран криминалист на Факултетот за безбедност - Скопје и магистрант по криминалистика на истиот факултет, што ќе прави денеска,...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст