„Jacks full“ во Куманово

Во сабота, на 16 март, хеви рокерите JACKS FULL го посетија Куманово и за првпат се претставија на сцената во „Кафе-бар Агора“, на концерт со тешки рифови и воодушевувачка енергија. По повод изработката на нивниот нов албум, JACKS FULL пропатуваа километри и ни пренесоа вистинско рокенрол расположение, типично само за настапи во живо на уникатната сцена на Агора Бар. „Jacks Full“ е хеви рок/хард рок бенд, тие се формирани во 2014 година во Атина. Бидејќи се „страсни за музиката“, тие создадоа автентичен, тврд звук со референци на хард рокот од 70-тите и американскиот хеви рок од 2000-тите, со гитарски рифови кои се однесуваат на релевантните музички жанрови од другата страна на Атлантикот. Во април 2019 година, ни го претставија нивниот втор целосен албум, насловен „Whatever“, кој е вклучен меѓу 200-те најдобри плочи на локалната рок и метал сцена од 1970-тите. Во 2023 година, тие повторно се појавуваат во студиото EightYard и со продуцентот Христос Влахос (Black Hat Bones), ќе започнат со снимање на нивниот претстоен трет албум и синглот „Ambition“, кој ќе биде објавен наскоро. За време на нивната музичка кариера, тие покрај настапите во живо на најголемите музички сцени во земјата, додадоа своја заслуга и на десетици концерти како оние на Mamothfest и Rockwave Festival во 2018 година, на кои ја споделија истата сцена со музичките легенди: Judas Priest, Saxon и Accept.

слични постови

Бендот The solution „развалува“ со песната „Време“

Една од поголемите ексклузиви на неодамнешниот „Мото рок Бест фест Куманово 2025“ беше тоа што на жешката рок сцена на Аџитепе, кумановската рок група...

„Леб и сол“, а царска гозба!

Да се напише сѐ, па макар и во доза на приближно, за македонските легенди „Леб и Сол“ е просто невозможно дури и самите да...

Роденден на Q Records со две најубави торти: Triggered Triggered и...

Со задоволство ви го најавуваме второто издание на „Q Rec Fest“, по повод роденденот на нашата издавачка куќа „Q Records“. Оваа година на роденденот, фестивалот, ќе...

КОНЦЕРТ НА „ЗИЈАН“ ВО МКЦ: Големо забрзување на срцето, а целосен...

МКЦ беше дестинација на легенди какви што на прсти се бројат, славните гевгеличани од групата „Зијан“, на кои некогаш оваа бина им била отскочна...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст