Боби Петковски, незабораван радиски глас и наш познат текстописац

Kaj delaš, ali tam poslušaš radio, si vesel?

29 август 2024г., Куманово, Занатски дом. Спарно. Од куде Клечовце идев тешки облаци. Стрина ми Љубица, Бог душу да ву прости, викаше: к’т е тмурно од т’ј крај, невреме у град ќе потрае повише. А, град како град, к’т се слави нешто или организира на плоштад, не мари за синоптичари и народну мудрост.

„Тумба фест“ се спрема веќ неколко д’на.

„Ќе ве молу никој да не се чуди

Кумановци су одувек биле добри људи;

Куде кумановца да дојдеш на гости, друже, веруј ми, т’га не се пости.“

Боби Петковски. Ако не сте чуле дека е најплодан текстописац за фестивал „Тумба фест’, т’к мора да ви зазвучи познато к’т га чуете како збори. Убедљиво најрадиофоничан глас, правилна дикција, и за тој време, средина на 80-ти године, доста авангардан приступ у радио „хостинг“. Можда ви звучи попознато ако кажемо „Хит-микс“ или ноќна програма „Трета смена“? Или соло гитарист на „Берлински ѕид“? Или комплетан автор на албум на Лидију Спасовску? Не? Тој е добро, значи дека сте много млади. Али, песме од наш шаљив фестивал, како што е „Голем мераклија“, у изведбу на Беки Бекиќа е антологиска, не затој што е напишана пред цели 24 године, него затој што нема кој не ги знае стихови: „цел живот лумпују, за друго не знам, за жене и вино, мераклија сам, затој немам куќу, спију на сокак, још не ме напушта т’ј пусти мерак“, напишани за Бекита на опаковку од шикер, зашто од студио му се јавиле на Бобита да гу спасуе ситуацију и на компонирану музику да „залепи“ текст. Петковски, у наплив на инспирацију и недостатак на тетратку, грабне га шикер само што га купија за да испие кафе сас жену, и напише га хит „Голем мераклија“. Беки одушевен, од прву гу испое и од т’к навамо гу прераскажуе анегдоту за талентиранога и сналажљивога кумановскога текстописца – Бобита.

На промоцију на његову монографију „Голем мераклија“ отидесмо прво да га прашамо како живи у Словенију, да видимо дали е остареја, чита ли „Плоштад“ у туј „дежелу“, што га инспирира за нови текстови…Живи убаво, рокер у душу, елек му елек, качкет због вруќину одложен на страну, глас не добија „песак“ за сви овија године, некое килце повише, али успешно покриено сас резедо ланену кошуљу…

-„Инспирира ме музика и кумановски дух, понекад и обратно – према мој текст се компонира, метрички треба да е мајсторски изведено, али за среќу имамо маестрални композитори и продуценти, аранжери, како што су Игор Трајковски, уметнички директор на „Тумба фест“, Цане Петров – Биоритам, имамо интерпретатори кои умев да га „донесев“ на сцену оној што га ми замислимо, туј е и Ѓоко Калајџиев, радио водитељ, есеист, поет, кој беше и промотор на монографију…а, по потребу имамо и опаковке од шикер, сол и соду бикарбону за да напишемо нешто што ќе биде оставено на генерације пред нас како уникатно наследство у суб-културну свест“.

„По сви наши маала, љубав е одувек цветала, такој ни е благословен род, мајтап и мерак су ни генетски код. Такој е запишано и што да се прави, ма важно да смо си живи и здрави. Добро ни дошле и све нек’ е за арно, молу за тишину, јер с’га почнуе стварно. И пред да почне наш фестивал нов, ајде да направимо времеплов“.

Честито монографија Боби Петковски и да ни се јавиш од Словенију, не мора да откриваш кој ќе биде нов хит што ќе га напишеш, само да ни кажеш kaj delaš, ali tam poslušaš radio, si vesel?

слични постови

Мартинијан Кириловски продолжува да го освојува регионот

Нашиот поп-пејач Мартинијан Кириловски ова лето ќе настапи на годинашното издание на еден од најпознатите музички фестивали во регионот – „Бисер Јадрана“, кој ќе...

Една слика, илјада приказни

Генерациските средби — кога времето не нè разделува, туку повторно нè спојува Постојат средби што траат една вечер. И постојат средби што го будат целиот еден...

Real Betis Academy пристигнува во Куманово

Куманово станува препознатлива фудбалска приказни во светот. Real Betis Academy, под покровителство на Fundación Real Betis Balompié — клуб со 115 годишна традиција и оваа...

Фудбалско семејство „ФК Биџо“

Предновогодишната забава на ФК „Биџо“ можете да го гледате на нашата фејсбук страна.

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст