„Турнир во уличен баскет“ – на 5 и 6 јули во Соколански парк!

На 5 и 6 јули 2025 година, градот Куманово ќе пулсира во ритамот на кошаркарската топка. Имено, на кошаркарското игралиште во Соколански парк ќе се одржи дводневен спортски настан во баскет, 3 на 3, во рамките на „Турнирот во уличен баскет“.

Натпреварувачите се од Куманово и од други градови на земјава, а една екипа ќе пристигне од Ниш, Србија.

Од страна на организаторот информираат дека има вкупно 16 пријавени екипи и преку 20 индивидуалци, бидејќи исто така има и натпревари во шут за 3 поени.

Наградниот фонд за победниците се: 40.000 денари за прво место, 12.000 денари за второ место, 6.000 денари за трето место и 6.000 денари за победник во шутирање на тројки.

Како организатор на овој турнир по прв пат се јавува Здружението „Граѓанска иницијатива за развој на социјален капитал“, кое срдечно ги поканува своите сограѓани и љубители на „тркалезната магија“ на викенд исполнет со спортски адреналин, урбана енергија и на поддршка од трибините, затоа што, како што вели познатата кошаркарска поговорка која поттикнува на успех: „Некои луѓе сакаат тоа да се случи, некои посакуваат да се случи, други прават тоа да се случи“.

Натпреварите почнуваат од 18 часот.

слични постови

Драган Петровиќ – Брус, член на Клубот 100 на футсал репрезентацијата...

Со своите 132 одиграни натпревари за Футсал репрезентацијата на Македонија нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Драган Петровиќ – Брус стана член на  славниот и...

Дејан Кимевски – Киме: Легенда на кумановскиот ракомет

Според сите досегашни постигнати резултати, но и според сите постоечки ракометни критериуми и параметри, кога е во прашање кумановскиот ракомет во последните неколку децении,...

Ферид Агуши – Член на клубот 100 на футсал репрезентацијата на...

Со своите 109 одиграни натпревари за футсал репрезентацијата на Македонија, нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Ферид Агуши си обезбеди место во славниот и таканаречен...

Младиот кумановски фудбалер  Дамјан Антевски (19) се очекува да потпише договор...

Нашиот млад и надежен фудбалер Дамјан Антевски во наредните денови се очекува и официјално да потпише договор со фудбалскиот тим  ФК Мисано Калчо од...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст