Тумба Фест 1995 – 2025: 21 август – четврток, градски плоштад Куманово

И по три децении Тумба Фест опстојува, низ шерет песна зборува за минатото, сегашноста и ја предскажува иднината.

Низ шега и смеа до солзи ги опејува кумановските сокаци, батко, Ленче, Досе, кумановските мајтапи и претставува еден од позначајните брендови на градот на батко Ѓорѓија, тумбата и четирите бандери.

Тумба Фест, иако фестивал на македонска народна шегобијна песна, е сериозен фестивал, низ прекрасните текстови, зачинети со ноти кои ти ја галат душата, зборува за секојдневието, за згодите и незгодите на еден суптилен начин.

Тумба Фест е единствениот фестивал во светот кој ги негува дијалектите како историско и културно наследство, при што придонесува кон зачувување на традицијата и идентитетот на еден народ.

Куманово е гордо што го има Тумба Фест.

Нека живее Тумба Фест уште многу, многу децении.

Повелете кумановци во четврток во 20.00 на плоштад на добра музика, смеа, разонода, со нови 18 шерет песни компонирани од дури триесетина автори.

Очекуемо ве куде батка на плоштад, да сте живи и здрави.

 

Р.П.

 

 

 

Учесници

 

Анета Арсовска и Дарко Стојановски

Коста Наумовски

Оливер Лозаноски

Боби Амадеус

Јованка Јо

Дарко Коцев

Љупчо Јовановски – Бубе

Нино Величковски и Горан Илиќ – Гиле

Лилјана Прнаркова

Ѓоко Ѓорчев

Катерина Брезева и Соната

Раде Рогожаров и Амигоси

Раде Младеновски

Сашо Николовски

Савршен Дан

Теона Илиевска

Зорица Дончев

Ташко Каранфиловски и Астра Бенд

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст