Србите во Македонија ќе го одбележат Свети Сава

По повод Св. Сава, национален празник на Србите во Македонија, традиционално Демократската партија на Србите од Македонија и Српската заедница р.о. Куманово организираат Свечена светосавска академија. Академијата ќе се одржи на 26 јануари 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Занаетчискиот дом во Куманово. За овогодишната академија, како и досега, организиран е квалитетен програм со цел достоинствено да се одбележи националниот празник на Србите.

По тој повод, на Свечената академија ќе земат учество високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и Република Србија, како и познати драмски уметници од Македонија и Србија.

Гости:

  • Високи претставници од Република Србија
  • Високи претставници од Република Црна Гора
  • Високи претставници од Република Српска
  • Високи претставници од Република Северна Македонија

Александар Саша Адамовиќ
историчар и публицист
„Светосавска беседа“

Бранислав Лечиќ – драмски уметник
Југословенско драмско позориште
„Братољубие низ вековите“

Марко Трајковиќ – драмски уметник
Театар Куманово
„Духовни поуки“

Вера Столиќ – теоретичар на уметност,
етномузиколог и етнокореолог
„Браќа и поход“

Желка Зделар – мецосопран
Народно позориште во Белград
„Светосавје – срце мое“

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст