Под чија јурисдикција се спортските школи во Куманово?

Спортските школи во Куманово не се под јурисдикција на државата

 

Младинските категории на спортистите во една држава се најважниот сегмент од развојот на еден млад спортист, а спортските школи, како почетни и примарни едукативни центри, се сметаат за главен расадник на потенцијалните таленти, кои во подоцнежниот период од кариерата би требало да израснат во квалитетни спортисти и, природно, во зенитот на својата кариера да станат дури и главни носители и креатори на играта во своите клубови, и тоа во разни тимски и поединечни спортови.

Но, за да еден млад, талентиран и надежен спортист со тек на време прерасне во квалитетен спортист – сениор, повеќе од потребни се квалитетни и едуцирани тренери кои навистина си ја знаат работата и со својата посветеност, одговорност, професионалност и знаење навистина ќе си ја оправдаат и лиценцата за работа која што ја поседуваат. Меѓутоа, во денешно време, во нашата држава, таква лиценца може да поседува било кој тренер кој во ФФМ, зависно од категоријата на лиценцата – ќе посети еден семинар и ќе уплати парични средства, чиј износ воопшто не е занемарувачки патем речено. И така во случајот сите се задоволни: и ФФМ со прибирање на финансиски средства и спортските тренери кои што со добивањето на лиценцата го исполнуваат и главниот услов за работа, односно условот за отварање на спортска школа, додека пак нивното вистинско знаење и нивниот капацитет како тренери и педагози за жал е во втор план, што, пак, од друга страна, многу негативно влијае на квалитетот на едукацијата на младите спортисти.

Во оваа ситуација, кога станува збор за најмладите спортисти, т.е. за децата почетници, голема вина носат и нивните родители од кои што мнозинството не се доволно упатени и информирани за квалитетот и капацитетот на спортските школи во кои што ги зачленуваат своите деца, но, исто така, и недоволно си ги познаваат можностите, знаењето како и целокупниот спортски капацитет на своите сопствени деца за одредени спортови, поради што подоцна кај нив доаѓа до огромно незадоволство, па дури и до фрустрации од евентуален неуспех на нивните деца.

Се разбира, најголем бенефит во случајов имаат сопствениците на спортските школи (во  кои што за среќа постојат и квалитетни и едуцирани тренери) преку прибирање на месечната членарина од секое дете, додека за децата најголем бенефит останува тоа што  тие, занимавајќи се со спортот и притоа користејќи го мотото „во здраво тело – здрав дух”, се оддалечуваат од улиците и од пороците кои што се присутни меѓу младите денеска.

Да се надеваме дека во блиска иднина, со доаѓањето на новиот министер за спорт, како и на новото раководство на ФФМ, многу работи ќе се сменат на подобро и конечно државата ќе се заангажира повеќе за развојот на поголема соработка, но и поголема контрола врз сите приватни спортски школи во државата.

Т.Д.

слични постови

Драган Петровиќ – Брус, член на Клубот 100 на футсал репрезентацијата...

Со своите 132 одиграни натпревари за Футсал репрезентацијата на Македонија нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Драган Петровиќ – Брус стана член на  славниот и...

Дејан Кимевски – Киме: Легенда на кумановскиот ракомет

Според сите досегашни постигнати резултати, но и според сите постоечки ракометни критериуми и параметри, кога е во прашање кумановскиот ракомет во последните неколку децении,...

Ферид Агуши – Член на клубот 100 на футсал репрезентацијата на...

Со своите 109 одиграни натпревари за футсал репрезентацијата на Македонија, нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Ферид Агуши си обезбеди место во славниот и таканаречен...

Младиот кумановски фудбалер  Дамјан Антевски (19) се очекува да потпише договор...

Нашиот млад и надежен фудбалер Дамјан Антевски во наредните денови се очекува и официјално да потпише договор со фудбалскиот тим  ФК Мисано Калчо од...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст