Општината и Градоначалникот манипулираат со Спортската сала

Реновирањето на спортската сала беше тема на денешната прес конференција на ОО СДММ Куманово.
Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост.

Данијел Димитријевски – Член на ИО на СДММ. Куманово

 

Почитувани граѓани на Општина Куманово,

За секој кумановец слаба точка е Спортската сала во Куманово, која што е изградена во далечната 1980 година и има капацитет од 4150 седишта. Таа е најголемиот затворен спортски објект во Куманово, каде што се одржуваа многу кошаркарски, ракометни, одбојкарски, боксерски и футсал натпревари. Владата во 2020 година ја врати во сопственост на Општина Куманово, откако со неа стопанисуваше приватен субјект. Веќе 4 години сме сведоци дека нашата убавица – Спортската сала се реновира. Проект на реновација, што треба да чини 6,5 милиони евра. Најпрвин сѐ почна со замена на кровот и трибините, но уште од самиот почеток на реновирање имаше низа пехови и аномалии. Тукушто поставениот нов кров протече, а излезе и скандал со набавката на семафорот, чија цена изнесувала 160.000 евра?!

Но тоа не е сѐ! Да не заборавиме да го прашаме градоначалникот во заминување, дали ќе се реши проблемот со системот за греење и ладење и дали тој проблем ќе донесе дополнителни трошоци?! Веќе беше најавено дека Спортската сала ќе биде пуштена во употреба за Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември, но очигледно на кумановчани не им беше кажано за која година е предвидено. Нам ни останува само да чекаме кога конечно ќе се заврши со нејзиното реновирање, и во меѓувреме да се надеваме дека нема да излезе уште некој скандал поврзан со Салата и реновирањето.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст