МОИТЕ ТОП 5 со Марија Колевски

Таа е толку млада, а веќе „стара“ читателка. Чита многу. Од книгите се инспирира и мотивира. Ја има тајната формула за успех при следење на сништа. Романтичар во душа, се разбира. Ја слуша баба си и не патува често со воз. Букси е врв на нејзината креативност – Марија, жената која ја создаде урбаната читална во нашиот град!

ПЕСНИ

1. Supergirl – Reamon – моја можеби најомилена песна, со силна порака за силата која ја носиме.

2. Libar – Gibonni – емотивна и прекрасна песна која секогаш ве враќа години наназад.

3. Тоше Проески – Илузија – не може да има листа на омилени песни без песна на Тоше. Сите ги обожавам, но песнава ми е најубава мене лично.

4. Shakira – Underneath your clothes – оваа песна беше една од оние кои ги пеев во средно на моите настапи, дали со бенд или соло, па така секогаш ме навраќа на средношколските денови.

5. Верица Ристевска – Галебе мој тажен – кога би бирала некоја стара наша песна, оваа ми е секогаш на листа! Бидејќи сум личност која освен во мелодијата обожава текст, па секогаш се поврзувам, затоа и ми е тешко да кажам дека имам омилена песна од новите, но старите песни се песни со содржина, со душа, со емоции, со љубов, со копнеж.

КНИГИ

1. Untamed – Glennon Doyle – книгава беше едно прекрасно доживување за мене. Ми беше препорака од една позната менторка од Србија, која ја порачав, ми стигна и чекаше ред да биде прочитана. Но јас верувам дека секоја книга нас нè повикува, нè бира, па така и книгава ја прочитав во момент кога ми беше потребна. Книгата носи силна порака, за скротувањето и за слободата, за изборите што ни се дадени на сите, секогаш. За моментот кога треба да се одбереме себеси.

2. Големата магија – Елизабет Гилберт – книга која беше мојата мотивација за да преземам многу чекори! Од кои може најважниот периодов – донесување одлука за Букси. Многу моќна, инспиративна и освестувачка. Моментот кога ќе сфатиме дека една идеја не ни е дадена само нам, туку таа бара да биде исполнета – е моментот кој ќе нè предизвика на акција.

3. Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма – за оваа книга во моите стари дневници имам напишано “Книга што го промени мојот живот”, моментот кога тргнувам од теорија во пракса, моментот кога се шират моите хоризонти и кога си давам дозвола да сонувам како кога бев дете.

4. Eat, pray. love – Elizabeth Gilbert – првата од Елизабет Гилберт која ме држеше под силни емоции со недели! Колку ја живеев нејзината приказна, како уживав во интензитетот на дејствата, како уживав во нејзиното повторно пронаоѓање и нејзината дозвола да се избере себеси, нејзината храброст, нејзината моќ да донесува одлуки.

5. Малиот принц – Антоан де Сент Егзипери – толку мала, а толку моќна, толку лесна, а сепак тешка за разбирање, за доживување, за уживање!

ФИЛМОВИ

Во принцип сум личност која повеќе сака да гледа серии отколку филмови, бидејќи сакам подолго да уживам во дејствата, а кога се филмови во прашање, уживам во романтични филмови, голема плачка сум, но исто така, уживам во трилери и авантури. Не сакам никако хорор филмови или научна фантастика, едноставно не уживам во нив, па и ги избегнувам и претпоставувате, мојата листа главно ќе биде со филмови кои се романтични или со некоја силна порака, но секако се филмови кои ги имам гледано повеќе од 3 пати.

1. Last night
2. Chocolat
3. The beach
4. Matrix
5. Bohemian Rhapsody

слични постови

Моите топ 5 на Драгиша Трајановиќ – Драшко

ПЕСНИ 1. „Погледаај дом свој анѓеле“ – Рибља чорба 2. „Срце“ - ЕКВ 3. „Чувам ноќ од будних“ – Леб и сол 4. „Wish you were here“ –...

Моите топ 5 на Драгиша Трајановиќ – Драшко

ПЕСНИ 1. „Погледаај дом свој анѓеле“ – Рибља чорба 2. „Срце“ - ЕКВ 3. „Чувам ноќ од будних“ – Леб и сол 4. „Wish you were here“ –...

МОИТЕ ТОП 5 со Мила Петрушевска

Мила е општествено ангажирана млада дама која не ја бендисува моменталната политичка клима и која е подготвена со својот придонес да ги промени работите....

МОИТЕ ТОП 5 со Боби Шљукс

Боби е познат како Шљукс. Никој го нема видено нерасположен или намуртен. За нас во Плоштад мисли дека не сме нормални што прашуваме полицаец...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст