КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

Летото може да биде одличен период за по некој трилер на плажа. И додека летните одмори сеуште траат, еве една препорака за интересен, непредвидлив и мрачен трилер.

„Мило мое дете“ – Роми Хаусман

Затворени во една куќа без никакви прозорци, извор на светлина или контакт со надворешниот свет живее едно семејство со две деца. Лена, мајката на двете деца, заедно со нив, мора да следат строго дефинирани правила за да се биде во ред. Нивниот татко оди на работа, се враќа и тогаш настапува проверка дали се е како што треба, но дури и во негово отсуство – тие се следени преку камери поставени во секоја просторија. Лена конечно наоѓа начин да избега од тој пекол, меѓутоа при бегство од шумата, ја удира автомобил и таа е во бессознание. Со неа заедно е нејзината ќерка која ја следи во болницата и ја потсетува дека се е во ред и дека сопругот е секогаш со нив. Кога пристигнуваат во болница, потребно е да ги идентификуваат, и тогаш почнува да се одмотува клопчето на девојка која е исчезната пред скоро 15 години. Дали Лена е онаа вистинската Лена? И, ако не е – што се случило со вистинската? Дали децата сакаат да живеат во тоа семејство или и тие се спасени?

Морничав и адреналински трилер кој нема да ви дозволи да го оставите – пред да го прочитате до крај.

Книгата е достапна во нашата книжарница „Букси“

Марија

Марија Колевски, сопственичка на книжарница „Букси“ во Куманово.

слични постови

КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

„Сервирај за победа“ - Новак Ѓоковиќ Она што може да се извлече како моќна порака од книгата на Новак е - „Не мора да бидете...

КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

„Сервирај за победа“ - Новак Ѓоковиќ Она што може да се извлече како моќна порака од книгата на Новак е - „Не мора да бидете...

КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

„Не почна од тебе“ од Марк Волин Сè додека остануваме фатени во мрежата на семејните односи - нашите врски, нашето здравје, нашите односи, нашиот успех...

КУПУВАЈТЕ СО НАС Книжарница „Букси“

„Не почна од тебе“ од Марк Волин Сè додека остануваме фатени во мрежата на семејните односи - нашите врски, нашето здравје, нашите односи, нашиот успех...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст