Куманово – наш дом, наша иднина

Со оглед дека партијата сè уште официјално нема излезено со став во однос на кандидат за градоначалник, одговорот ќе го оставам за понатаму. Она што е извесно е начелната форма и содржина на советничката листа, на која сум посебно горда.

Во врска со ова сакам да истакнам дека е извесно дека листата на ВМРО ДПМНЕ ќе биде составена претежно од млади, но дефинирани и изградени личности, позитивно препознаени од околината во која живеат и работат. Тоа се луѓе посветени на заеднички цели, посветени на идејата Куманово да биде пристоен дом – како за нив и нивните семејства, така и за сите што го доживуваат како свој дом.

Ние, младите во ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово тука ја гледаме нашата иднина и затоа сме решени да работиме за подобро образование, развој на спортот и културата и современи општински услуги што ќе им овозможат на младите да останат и да напредуваат во Куманово.

Нашата идеја е Советот на Општината да биде препознаен од граѓаните како клучен орган на локалната самоуправа и со заложби, да ги исполни сите капацитети на своето дејствување и сите механизми на контрола и одлучување.

Свесни сме дека досега граѓаните, можеби, не беа целосно запознаени со надлежностите на Советот и дека Советот е, всушност, „срцето на општината“, каде што се носат сите одлуки кои имаат директни импликации врз квалитетот на живот на граѓаните (буџет, урбанизам, безбедност, образование, контрола и ревизија и – најважно – располагање со средствата на општината).

Затоа, уверуваме дека чесната и реализирана структура на листата на ВМРО ДПМНЕ исклучиво ќе се води од јавниот интерес, со разумно располагање со средствата на општината, а одлуките ќе бидат во функција на граѓаните. Воедно, ќе вршиме постојан надзор на реализацијата на донесените одлуки, рационално располагање на средства и целосна реализација на програмата и одлуките.

Сметам дека ВМРО ДПМНЕ го има вистинскиот тим и дека граѓаните тоа вистински ќе го препознаат а листата на ВМРО ДПМНЕ ќе оствари историска победа и ќе биде препознаена како победничка, а нејзиното влијание – како почеток на едно ново Куманово.

Секако, веруваме дека во останатите советнички листи има позитивни и квалитетни личности, но сметаме дека во ниту една не се препознава единство, визија, амбиција, идеја и квалитет за преземање одлучни чекори во насока на исполнување на очекувањата и потребите на граѓаните. Токму поради ова, сметам дека нивниот резултат ќе биде незначителен и без одлучувачко влијание, што ќе отвори пат за целосна реализација на нашата програма.

Бидете сигурни дека со давање на глас за нашата листа, гласате за почеток на нова ера – за Куманово водено од луѓе во кои секој од нас може да се препознае.

За крај, и јас, како млад човек кој својата иднина ја гледа исклучиво во овој град, за прв пат искрено верувам дека Куманово во рацете на нашата советничка листа, ќе стане град во кој секој ќе ја сака да остане!

Затоа, не барам шанса за себе, туку иднина за СИТЕ НАС!

 

Анастасија Гроздановска

– член на УМС при ВМРО ДПМНЕ ОК Куманово

Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на ПЛОШТАД. Затоа ПЛОШТАД не сноси одоговорност за содржината на истите.

слични постови

Пензиски маки големи

Деновиве повторно се отвори дебата дека линеарното покачување на пензиите е неуставно и дека Законот за пензиско осигурување јасно го дефинира тоа. Но, се...

Благородничка генерација

РЕОБЈАВА Плоштад, Објавено на 11 ноември, 2024 Ивица И. Алексовски Непреод и небидие. Непокор и распетија. Со такви тули, Анте Поповски ги соѕидал поетските палати во...

Зошто ЗНАМ победи во Куманово, а потфрли во другите градови?

Политичкиот феномен ЗНАМ на овие локални избори доби различни лица низ Македонија: триумфален во Куманово, но речиси невидлив во повеќето други општини. Таквата диспропорција...

Српската листа и независниот Диро со задоволителни резултати во Куманово, Левица...

Локалните избори во Куманово донесоа неколку изненадувања кои ќе ја редефинираат политичката мапа на градот. Иако на државно ниво најсилна е победата на ВМРО-ДПМНЕ,...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст