Концерт на Националниот џез оркестар и Пјер Мије и Бети Жарден

На 25 април 2025 година, во салата на  Филхармонија со почеток од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на кој како гости ќе ги има француските уметници Пјер Мије (труба) и Бети Жарден (вокал). Диригент ќе биде маестро Џијан Емин.

Роден во средината на 1970-тите, Пјер Мије се етаблира како инспиративен инструменталист и композитор кој покрај џез музиката соработува со бројни уметници од областа на рок музиката, како и разни други жанрови, од циркуска музика до шансони. Во својата кариера има настапувано со различни музички ансамбли, почнувајќи од биг – бендот на неговиот татко Жан-Франсоа Мије, потоа AB Sextet, Les Elles, и во поново време Surnatural Orchestra, покрај пијанистот Фарај Сулејман.

Тој е лидер, ко-лидер и композитор во неколку ансамбли меѓу кои триото „Ана Кап“, дувачкиот оркестар Chromatic Museum, квартетот Blast, и квинтетите Renza Bô и Décor-um.

Бети Жарден е француска пејачка која живее во Нормандија и во својата кариера често соработува со Пјер Мије. Има студирано џез теорија на Конзерваториумот во Каен, а изучувала и индиска музика во Јужна Индија, каде престојувала повеќе од една деценија.  Дел е од биг – бендот Jazz à Montpellier, како и составите „Ана Кап“ и Breath & Breath.

Бети e карактеристична по својот уникатен вокален стил и способноста да комбинира различни музички жанрови. Критиката за неа ќе забележи дека е препознатлива по „интеракцијата меѓу џезот и индиската музика кои ѝ даваат препознатлив вокален сензибилитет и уникатност“.

На концертот со Националниот џез оркестар публиката ќе има можност да ужива во биг – бенд аранжманите на композициите и стиховите на Пјер Мије и Бети Жарден кои истражуваат различни емотивни пејзажи и човечки врски изразени преку музика и поезија, како и широк спектар на чувства, од носталгија и ескапизам до надеж, издржливост и интроспекција.

Преку поетските текстови и музичките композиции, овие двајца уметници ја истражуваат убавината на сонот, текот на времето, невиноста на детството и борбата со себичноста и стравот. Секое нивно дело рефлектира длабока врска со културните, личните и универзалните моменти, спојувајќи ја имагинацијата со искрените рефлексии, притоа славејќи ја во целост човечката природа, во сета нејзина убавина и противречности.

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст