И вук сит и коалиција на број

Пискотници се слушаат од Куманово до Белата палата и Владата во „Шкуп“.

Така е секогаш кога аматери водат кадровска политика.

Во делењето на партискот колач кумановските вмровци се залетаа по директорски места на според нив „атрактивни места”. На коалициониот партнер „Влен“ во Куманово му „остана“ директорското место во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

И кога од „Влен“ посочија име за тоа место, почна очекуваната галама, што исто така ги содржеше очекуваните елементи на вчудоневиденост: па како, па зошто, па како можеа така, зарем со културата да се пазарат?!?

Се слушна и дека несудениот директор немал доволно работно искуство за да биде директор, а сите знаат дека токму актуелниот директор имаше иста таква „дупка“ за својата компетенција во биографијата. Направен е класичен преседан и сега сите се обидуваат да работат „by the book“ –  ако тогаш можело, зошто да не може сега.

Но, ова е Македонија! Сè е можно!

И сега „мудрите“ коалициони партнери бараат чаре да се реши проблемот. Имено, смислиле „генијален план“:

На „Влен“ ќе му се даде друго директорско  место (малку ли ги има раководни позиции), а Центарот за култура во Куманово ќе го добие „Знам“.

За таа „опeрaција“ потребно е само актуелниот директор Сашо Тодоровски да ја напушти матичната партија „СДСМ“ и да премине во „ЗНАМ“.

Некој ќе каже дека е малку „педерски“ да напушти партија што му дала мандат и да премине во друга само за да добие нов.

Е, добро де, педерски е.

И тоа, кај и да е, наскоро ќе го направат да биде сосема легитимно. Барем кога станува збор за кадровската политика на партиите. И, помнете ни го зборот, кога ќе го сторат тоа ќе се „вадат“ со старата кумановска: ај, бе, од ед’н пут не се бива педер!

Р.П.

слични постови

Пензиски маки големи

Деновиве повторно се отвори дебата дека линеарното покачување на пензиите е неуставно и дека Законот за пензиско осигурување јасно го дефинира тоа. Но, се...

Благородничка генерација

РЕОБЈАВА Плоштад, Објавено на 11 ноември, 2024 Ивица И. Алексовски Непреод и небидие. Непокор и распетија. Со такви тули, Анте Поповски ги соѕидал поетските палати во...

Зошто ЗНАМ победи во Куманово, а потфрли во другите градови?

Политичкиот феномен ЗНАМ на овие локални избори доби различни лица низ Македонија: триумфален во Куманово, но речиси невидлив во повеќето други општини. Таквата диспропорција...

Српската листа и независниот Диро со задоволителни резултати во Куманово, Левица...

Локалните избори во Куманово донесоа неколку изненадувања кои ќе ја редефинираат политичката мапа на градот. Иако на државно ниво најсилна е победата на ВМРО-ДПМНЕ,...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст