Директорот Стојановски категорично го демантира СДСМ за нападите околу Домот за стари лица

Со своја јавна реакција Стојановски се обрати до Редакцијата на ПЛОШТАД, која ја пренесуваме во целост.

Јавна реакција на директорот Дејан Стојановски во врска со наводите за неправилности и наводен мобинг во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово.

Последниов период сведоци сме на оркестриран напад од неформални медиумски канали потпомогнати од внатрешни злонамерни, тенденциозни извори од Институцијата, кои пласираат неточни и манипулативни информации во јавноста.

Последна во низа е и оваа прозивка од политички субјект во Куманово.

Категорично ги демантирам сите наводи и обвинувања во вид на прашања упатени до мене. Тие се политичка конструкција и недолично преувеличување од страна на политичкиот субјект кој ги изнесува.

Домот за стари лица во моментов има 36 вработени кои се максимално ангажирани за квалитетна и хумана услуга насочена кон старите и изнемоштени лица.

Незадоволството се однесува на сосема мала група на лица, ни приближно 70% како што тенденциозно е изнесено, и истото се должи на нагласеното темпо и организација на работата, но нема ниту збор за мобинг или вознемирување.

Организација и темпо кои се во согласност со потребите на Домот и систематизацијата на работните задачи. Сосема мала група на лица вешто ја искористија ваквата ситуација и пласираат вакви неточни информации во јавноста нанесувајќи штета на Домот.

Дијалогот поврзан со професионалните обврски секогаш бил присутен, а разговор со синдикат и пратеник е исто така легитимен и во корист на Институцијата.

Така што и ваквите процеси за жал се означени како негативни.

Домот 6 години наназад вложува во набавка на нова опрема и мебел, и врши реконструкција на сместувачките капацитети што е лесно воочливо од посетителите и корисниците на услугите, а јавноста, исто така, секогаш е транспарентно и навремено информирана.

Набавките се реализираат максимално посветено и се водиме од постигнувања и зацртани јасни цели за секоја година.

Роковите се немилосрдни и бараат многу планирање и посветеност.

Горди сме со колегите што учествуваат во ваквите набавки и планирања, а особено горди на 2024 година, која ја завршивме со 100% исполнетост на плановите и реализација на планираните набавки.

Мебелот за кој сме критикувани е во Домот и покрива цел еден реон којшто не бил обновен 40 години.

Постапката е спроведена согласно Закон.

Непредвиденото доцнење не значи откажување, особено кога целта е јасна и е дел од визија за Домот!

ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ Куманово ќе продолжи да се унапредува и модернизира, а старите лица добиваат, подобри услови и похуман третман којшто зависи само и само од персоналот.

Како јавна институција покажавме годиниве наназад дека со професинален пристап е можна квалитетна услуга, и услови спрема очекувањата на граѓаните и штитениците.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст