Азбука на Марина Манојловска

Марина Манојловска кумановчани ја знаат како жена со долгогодишна кариера како одделенски наставник, која во два мандата го водеше училиштето „Браќа Миладиновци“, кога како директор реализираше бројни проекти од домашни и меѓународни донатори, за подобрување на условите за работа на учениците и вработените. Ја знаат и како една од најдобри просветни работници за 2018/2019 година избрана од од Сојузот на просветни работници на Македонија. Ја знаат како педагог кој повеќе од три децении се бори за правата децата за подобро и среќно детство. Важи за принципиелна и од збор, која ги именува работите со вистинско име и презиме, не плашејќи се дека така изречениот збор може да ѝ наштети. Кога беше советник на СДСМ во Советот на Општината, ја памтат по ставот дека – ние сме Македонци сега и овде, на оваа место, и во оваа време. Поради сите овие нешта, одлучивме да ја прашаме која е нејзината лична Азбука.

А

азбуката е таа што ја обликува човековата цивилизација во сите сегменти,но и можност да се разбереме, толерираме, сакаме, почитуваме, за да не завршиме како диносаурусите, од нас зависи.

Б

бос по трње е нашата живеачка веќе 30 години

В

воз, како Плавиот Титов, му недостига на светот

Г

горди, а поим немаат на што

Д

децата се мојот свет, и приватно и професионално

Ѓ

батко Ѓорѓија како инспирација на нашите политичари

Е

еж, има боцки и меко срце,ако се боцнеш сам си крив

Ж

жена создател на нов живот, но и стрес тест на секој маж

З

здрав живот кога ќе ги отстраниш идиотите околу тебе

S

sид којшто и со глава можеш да го пробиеш, под услов да е од картон

И

историјата е наука којашто денес ја живееме,  а утре некој ќе ја раскажува, а како ќе живееме од нас зависи, не од науката

Ј

јабана е македонска судбина

К

книга, нешто без коешто не можам 50 години, ми го дефинира
изразувањето, мислењето и заспивањето

Л

Ладлам, писател којшто романите ги темели на 1% вистина и 99% фикција, без него секој одмор ми е промашување

Љ

љубовта е најубавото чувство коешто човекот може и треба да го доживее, раздвижува планини и мориња, облагородува и разубавува, сакајте се

М

мајка, мојата, твојата, јас, ти, таа, неограничена љубов и доверба

Н

надеж за подобро утре, за среќа, уште ме држи

Њ

њоките се закон за брз ручек кога си мрзлива

О

овен, мојот хороскопски знак: тврдоглава, упорна, лојална, ама и не ми стапнувај на „жуљ“

П

политика или проституција е едно исто, актерските екипи познати и мега популарни

Р

расказ за Виетнам, мојата прва меѓународна награда во основно училиште и најдрага од многуте

С

сестра, најдрагоцен подарок од родителите и Бога

Т

телото се чисти однадвор, ама и одвнатре, хигиената е важна за да се разбере светот како поле за натпревар

Ќ

ќуп со злато којшто сите го бараме, некои со, а некои без
тендери, зависи од способности, образ и чест

У

успех да бидеш човек меѓу нечовеци

Ф

фантазија како можност и на овие години да го сочуваш детето во себе

Х

Хесе Херман, омилениот ми писател когошто би го препрочитала на овие години и со ова искуство

Ц

цреши од минималната кошничка на премиерот, а мои обетки од детството

Ч

чест и чесност како општествена вредност во изумирање

Џ

Џордан Мајкл, човекот којшто ми ја тестираше издржливоста на неспиење

Ш

шмек или Шрек разликата е во една буква како и за многу работи во животот

слични постови

Азбука на Александар Митрички

Музиката е најдобра работа што ја створил човекот. Јазик кој сите го разбираат. Музиката е бескрајна. Има свој почеток ама нема свој крај. Ги поврзува...

Азбука на Биљана Николовска

Познаниците ја опишуваат како елоквентна, елегантна, егзотична, ексцентрична, па дури и езотерична личност. Можеби токму овие невообичаени лични особини ја поттикнале да стане вљубеник...

Азбука на Ангела Петковска

Ангела Петковска е професорка по македонски јазик во кумановската гимназија. Учениците кои учат и сакаат да учат ја обожаваат и ја паметат како одличен...

Азбука на Наташа Атанасовска

Наташа Атанасовска е независна преведувачка, професорка по странски јазици и медиумски аналитичар која има работено, како што самата вели, „кај што ќе стигне“. Незаситен...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст