Авганистански пари

Поради разни гласини и непроверени информации околу обврските на нашите сограѓани за плаѓање на данок на доход остварен на привремена работа во странство, остваривме контакт со УЈП и побаравме појаснување. Нивниот одговор го пренесуваме во целост.

 

Почитувани,

Во врска со Вашето доставено прашање, а во однос на шпекулациите за плаќање на данок за доход остварен на привремена работа во странство, Управата за јавни приходи Ве информира дека:

Плаќањето на данок на личен доход се врши врз основа на Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), кој е во сила повеќе години и не е ново донесен закон.

Законот не е ретроактивен – тој се применува континуирано („Службен весник на РМ“ број 241 од 26.12.2018 година и „Службен весник на РСМ“ број 275/19, 290/20, 85/21 и 274/22 од 20.12.2022 година), а обврската за пријавување и плаќање данок важи за сите граѓани кои остваруваат доход што подлежи на оданочување.

Управата за јавни приходи започна со систематски проверки на податоците што ги добива од банките за приливите од странство на граѓаните.

  • Во првата фаза беа опфатени приливите остварени во периодот од 2020 година.
  • Активностите продолжуваат со опфат и на приливите остварени од 2021 година до октомври 2025 година.

Управата за јавни приходи има надлежност, во рок од пет (5) години по истекот на годината во која е остварена фактичката состојба, да врши утврдување на данокот согласно со одредбите на Законот за даночна постапка.

Од првичните анализи е утврдено дека околу 4.000 физички лица имаат остварено доход кој подлежи на оданочување, но истиот не го пријавиле и не платиле данок, односно немаат поднесено електронски пресметки.

Истовремено, голем број граѓани редовно и навремено ги исполнувале своите даночни обврски.

До овој момент, дел од лицата доброволно се усогласиле и пријавиле доход, при што е платен данокот за остварениот доход.

Исто така, Ве известуваме дека доколку во периодот кога е остварен доходот од странство даночниот обврзник не се сметал за резидент на Република Северна Македонија, туку за даночен резидент на државата каде што е остварен доходот, тогаш нема обврска тој доход да се пријави во Македонија.

За потврда на резидентниот статус, задолжително е да се обезбеди документ од надлежниот даночен орган на странската држава – уверение или потврда за даночен резидент.

Дел од граѓаните кои веќе имаат платено данок во државата каде што е остварен доходот (Авганистан, Ирак) имаат обврска да достават документи со кои ќе докажат дека платиле данок во таа држава. Во такви случаи:

Како македонски даночни резиденти, тие лица имаат обврска да го пријават доходот преку е-ПДД во законските рокови. Пресметаниот данок во Македонија може да се намали за износот на данокот платен во странство, но најмногу до законската стапка од 10%.

За остварување на ова право, задолжително се доставува доказ за платениот данок – уверение или потврда издадена од надлежниот даночен орган на странската држава.

Доколку данокот платен во странство е помал од 10%, обврзникот треба да ја доплати разликата до 10% во Македонија.
Доколку данокот платен во странство е повеќе од 10%, нема обврска за доплата во Македонија.

Листата на договори за одбегнување на двојно оданочување е достапна на:
http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/tr/md

Апел до граѓаните

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници кои имаат остварен доход во странство, а се соочуваат со дилеми околу резидентниот статус и обврските, да побараат стручна помош и насоки.

Нашите служби стојат на располагање за заедничко разгледување на документацијата, појаснување на законските одредби и навремено и правилно даночно усогласување.

Во насока на транспарентна комуникација со јавноста, УЈП на својата официјална веб-страница објави соопштение со детални постапки и законски обврски за лицата кои оствариле доход во странство.

Дополнително, изработени се и видео-упатства за полесно и едноставно почитување на законските одредби.

Целосното соопштение може да се погледне на следниот линк:
http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170

Видео-упатство за поднесување на аконтативна пресметка за доход остварен во странство:
https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE

Видео-упатство за плаќање на аконтативна пресметка за доход остварен во странство:
https://www.youtube.com/watch?v=9P7RjC-Zjc8

Ви благодарам на соработката и на разбирањето
Со почит

Сектор за односи со јавност, Управа за јавни приходи

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст