Конкурс за краток филм за ФИЛМАЈ фестивалот

Во тек е конкурсот за осмото издание на ФИЛМАЈ фестивалoт на кратoк филм, организиран од фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово. Преку платформите FilmFreeway и festhome може да се пријават кратки играни филмови со траење до 20 минути и завршени по 1 јануари 2024 година. Конкурсот ќе биде отворен до 8 март 2026 година.

Филмовите може да конкурираат за награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, награда „Koзјак“ за најдобрo сценарио и награда „ФИЛМАЈ” за најдобар краток филм.

Македонските (домашни) филмови кои конкурираат за награда за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за горенаведените награди.

На специјалната  фејсбук-страница fb.com/filmaykozjak, редовно ќе бидат објавувани информации поврзани со ФИЛМАЈ 2026 фестивалот.

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст