Кумановската гимназија избрана за „суперучилиште“

Проектот „Глас на младите од Балканот“ ги поврза двете училишта, Гимназијата „Гоце Делчев“ од Куманово и Средното мешовито училиште „Младост“ од Тиват, Црна Гора. Првиот дел од реализацијата на проектот „Суперучилишта“ се одвиваше последната недела од ноември кога група од 15 ученици и 2 наставника од нашата гимназија престојуваше во Тиват.

Во текот на размената, учениците учествуваа на работилници за запознавање, финансиска писменост и личен и групен идентитет, како и на спортски активности. Беше посетен Младинскиот културен центар и Градскиот музеј. Исто така, беа посетени и прекрасните места од околината на Тиват: Lushtica Bay и Солило. Посебен впечаток остави петчасовната прошетка со брод по прекрасниот залив Бока Которска. Координатори на проектот се наставниците: Лидија Тасевска и Далибор Димковски.

„Привилегија е што нашето училиште беше избрано за ‘суперучилиште’ од мрежата на средни училишта од Западен Балкан.  Придобивките од ваквите проекти се огромни, пред сѐ поради поттикнување на  младинскиот активизам и регионалната соработка. Називот на нашиот проект ‘Глас на младите од Балканот’ е симболичен и ја покажува важноста на  поврзувањето на младите преку креативни работилници и настани, ослободување од сите  предрасуди, промовирање на духот на заедништвото и сплотеноста“, истакнува координаторката на проектот, Лидија Тасевска.

Овој проект е целосно поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка RYCO.

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст