СПМ отвора Народна канцеларија во Куманово – ново место за поддршка, идеи и решавање на проблемите на граѓаните

Со цел поголема отвореност кон граѓаните и вистинско учество на населението во креирањето на локалните политики, Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) на 8 септември ќе отвори Народна канцеларија во Куманово. Како што информираат од партијата, оваа иницијатива се родила низ дискусии и разговори со граѓаните на Куманово, при што е заклучено дека кумановчани имаат потреба од отворање на Народна канцеларија.

Канцеларијата свечено ќе биде отворена на Денот на независноста, во 19 часот, на булевар „Октомвриска револуција“, на место секогаш блиску и на располагање на кумановчани.

Овој нов простор ќе биде посветен на тоа да обезбеди поддршка за граѓаните од сите области, како и да понуди директен канал за комуникација со оние кои секојдневно се соочуваат со предизвици и проблеми. Во канцеларијата граѓаните ќе можат да добиваат совети, насоки, да дадат своја идеја за тоа што мислат дека му е потребно на градот…

Поточно, во Народната канцеларија секој граѓанин ќе може:

– да добие совет или насока во врска со конкретен проблем,

– да предложи своја идеја за унапредување на градот,

– да укаже на нерешени прашања и административни потешкотии,

– да учествува со мислење во креирањето на развојната програма на Куманово.

„Веруваме дека вистинската политика почнува од секојдневието на луѓето. Народната канцеларија ја отвораме за да ја слушнеме гласно секоја потреба, да ги приближиме институциите до народот и да изградиме практични решенија кои навистина ќе ја подобрат благосостојбата на граѓаните“, велат од СПМ.

Намерата е овој простор да функционира како посредник меѓу граѓаните и локалните институции, да се намали бирократската оддалеченост и да се понуди конкретна помош во области како урбанизам, инфраструктура, здравство, образование, социјална заштита и култура.

Дополнително, Народната канцеларија ќе биде и место каде што младите ќе можат да презентираат свои идеи и проекти, невладините организации да ги претстават своите иницијативи, а секој жител на Куманово да се почувствува дека има свој удел во развојот на градот.

СПМ ја нагласува важноста од континуирана комуникација со граѓаните и истакнува дека со отворањето на Народната канцеларија се прави уште еден чекор кон создавање транспарентна, инклузивна и одговорна локална политика. Како што впрочем е и нивниот слоган: СПМ – Секогаш со своите сограѓани.

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст