Вечерва во Скопје настапува Дони МекКаслин, соработник на Дејвид Боуви 

Националниот џез оркестар  и реномираниот американски саксофонист и композитор Дони МекКаслин вечерва, 14 јули 2025 година, ќе одржат концерт во Македонскиот народен театар, со почеток во 21:00 часот.

Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

Господинот МекКаслин е истакнат саксофонист и композитор, најпознат по својата соработка со Дејвид Боуви на албумот Blackstar – едно од најзначајните музички изданија на 21 век. Неговото творештво се одликува со исклучителна музичка иновативност и суптилен баланс помеѓу џез традицијата, современиот израз и жанровската слобода.

Концертот со Националниот џез оркестар претставува ретка можност за уживање во извонредна музичка соработка и уметнички настан од посебна културна вредност.

 

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст