На 13. и 14. јуни – „Беарс мото рок фест“ на Аџи Тепе 

Уште само неколку денови нѐ делат од највозбудливата и најинтензивна журка за сите генерации во Куманово, “Беарс мото рок фест”, која ќе се одржи на 13 и 14 јуни на спортскиот аеродром Аџи Тепе.

Дводневниот моторџиски рок фестивал ќе содржи целодневни програми и за деца и за возрасни, а во вечерните часови следуваат настапи на музички бендови од Македонија и од регионот и за прв пат и од Америка.

На првата фестивалска вечер, на 13 јуни, најпрво ќе настапат македонските бендови „Лектира“  и „Паркети“, по нив американскиот бенд „The Hooten Hallers“, а програмата ќе ја затвори популарниот кумановски бенд „The Solution“.

На втората фестивалска вечер, сабота 14. јуни, први на сцена се македонската група „Overload“, па „Riff band“ од Србија, по што следуваат „Стрингси“ од Босна и Херцеговина, и на крај српските „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ.

Организатори се  Мото клуб „Мечки“.

 

Р.П.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст