Во Речица се одржа Државното првенство во фудбал за средни училишта во женска конкуренција

Вчера на фудбалскиот терен во селото Речица во организација на Федерацијата на училиштен спорт на Македонија  и на Општинскиот сојуз на  училиштен спорт на  Куманово се одржа завршниот дел од Државното првенство во фудбал за средни училишта во женска конкуренција.

Во финалето од овогодинешното државно првенство  се сретнаа досега  двете најуспешни екипи, екипата на средното училиште  ДУФК  „Методи Митевски – Брицо” од Скопје и екипата на СОУ Гимназија „Гоце Делчев” од Куманово, каде  убедливо победи екипата на ДУФК Методи Митевски – Брицо од Скопје, со резултат од 10:0 (6:0), со што на крајот, сосема заслужено, стана и овогодишен државен првак на Македонија.

ДУФК „Методи Митевски“- Брицо, Скопје

Инаку, предходно  во оваа конкуренција, двете екипи финалисти успешно ги поминаа сите предходни филтри од овогодинешното првенство победувајки на општинските, зонските и регионалните натпреварувања, со што изборија пласман и на завршниот дел од државното првенство.

Гимназија „Гоце Делчев“, Куманово

Што се однесува пак до нашиот финалист, екипата на гимназијата „Гоце Делчев”, и покрај високиот пораз, со самиот пласман во финалето на државното првенство, оствари голем успех. Но, овој пат, во финалето наиде на многу силна и многу организирана екипа што доаѓа од специјализирана спортска гимназија, во која што со  години наназад постојат високи стандарди за работа и едукација на учениците и сосема реално и за очекување е дека тие стандарди, во догледно време, ретко кое друго средно училиште во државата ќе може да ги достигне.


 

Т.Д.

слични постови

Драган Петровиќ – Брус, член на Клубот 100 на футсал репрезентацијата...

Со своите 132 одиграни натпревари за Футсал репрезентацијата на Македонија нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Драган Петровиќ – Брус стана член на  славниот и...

Дејан Кимевски – Киме: Легенда на кумановскиот ракомет

Според сите досегашни постигнати резултати, но и според сите постоечки ракометни критериуми и параметри, кога е во прашање кумановскиот ракомет во последните неколку децении,...

Ферид Агуши – Член на клубот 100 на футсал репрезентацијата на...

Со своите 109 одиграни натпревари за футсал репрезентацијата на Македонија, нашиот сограѓанин и футсал репрезентативец Ферид Агуши си обезбеди место во славниот и таканаречен...

Младиот кумановски фудбалер  Дамјан Антевски (19) се очекува да потпише договор...

Нашиот млад и надежен фудбалер Дамјан Антевски во наредните денови се очекува и официјално да потпише договор со фудбалскиот тим  ФК Мисано Калчо од...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст