Во Куманово се одржа манифестацијата „Стиховите наши ги топлат срцата ваши“

Синоќа во Занаетчискиот дом во организација на  Здружението на одделенски наставници  ЗОН – Куманово, а подржано од Здружението на просветните работници ЗПР од нашиот град и  ЗОН Учител на Република Македонија се одржа манифестацијата „Стиховите наши ги топлат срцата ваши“, манифестација која всушност  беше  натпревар во изразно рецитирање за ученици од трето до петто одделение од општинските основни училишта од градот.

Што се однесува пак до самата манифестација таа се одржа под покровителство на Советот на општината Куманово и на градоначалникот Максим Димитриевски, а беше подржана и од издавачката куќа на Просветно Дело од Скопје.

На манифестацијата учествуваа ученици од вкупно девет општински основни училишта распоредени во три категории и тоа од трето, четврто и петто одделение и тоа секое училиште со по четири ученици во секоја категорија.

На натпреварот во изразено рецитирање  пред учениците – учесници беа поставени и бодувани критериуми кои опфаќаа точност , дикција, правилно акцентирање како и мисловно – емотивно доживување при самиот настап.

На крајот по завршувањето на натпреварот стручното жири составено од три члена ги прогласи најдобрите рецитатори во сите три категории па така во категоријата на третоодделенци првото место им припадна на учениците од ООУ „Христијан Карпош“, второто место на ООУ „Кочо Рацин“, а третото место на ООУ „Крсте Мисирков“. Во втората категорија за ученици четвртоодделенци првото место им припадна на учениците на ООУ „Кочо Рацин“, второто место на ООУ „Браќа Миладиновци“, а додека пак третото место на ООУ „Христијан Карпош“.

И во последната категорија за ученици петтоодделенци првото место им припадна на учениците од ООУ „Крсте Мисирков“, второто место на ООУ „Кочо Рацин“, а третото место на ООУ „Христијан Карпош“.

За постигнатите  успеси сите ученици – учесници на натпреварот од страна на Здружението на просветни работници од Куманово и Здружението на одделенски наставници – ЗОН Учител на Република Македонија добија дипломи и блaгодарници за самото учество  во проектот „Стиховите наши ги топлат срцата ваши“ како и списанија во издание на издавачката куќа Просветно Дело од Скопје.

Било како било во случајот со овој проект станува збор за една успешно организирана и реализирана ученичка манифестација од која што манифестација на крајот најголем бенефит ќе имаат самите ученици – учесници и тоа во надградување на нивните вештини и знаења во нивната понатамошна ученичка кариера.

 

Т.Д.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст