Локалните избори ќе значат пресврт – левица е подготвена со моќни, реални и невообичаени програми

Во енергична атмосфера, пред полна сала и со силна поддршка од граѓаните,во сабота на 1 март Левица ги претстави своите програми за општините од Изборна единица 2. Овие програми не се обични политички документи – тие се создадени од народот за народот, како резултат на месеци интеракција, анализи и директни предлози од илјадници граѓани. Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар АПАСИЕВ, и пратеникот од ИЕ 2, Амар МЕЦИНОВИЌ, ја пренесоа клучната порака: локалните избори се можност за пресврт! Историјата докажала дека токму на локални избори паѓале режимите, нашите политички непријатели. Ова се изборите на кои ќе ги ослободиме општините од канџите на корумпираните елити и ќе ја вратиме моќта во рацете на граѓаните.

Со резултатот на парламентарните избори, Левица докажа дека има реален потенцијал да стане втора најголема партија во општинските совети, но и да го освои првиот градоначалнички мандат! Ова е историски момент – шанса да покажеме дека вистинска промена е можна!

Веќе децениски се докажани лагите на политичките елити кога станува збор за предизборните ветувања. Нивните програми на крајот на мандатот се сведуваат на збирка за измами. Со години ветуваат асфалтирање, канализации, водоснабдување, соодветен јавен превоз, чист воздух, борба против урбаната мафија, а мандатот го завршуваат со наполнети џебови, уште попартизирани општини и продлабочување на проблемите во општините.

Левица, за разлика од нив, ја докажува својата доследност до принципите и ветувањата, па и во услови на опозициона партија, и во Советите и во Парламентот се бориме за остварување на ветените мерки кои би значеле чекор кон хумано живеење. „Лудост е една иста работа да ја повториш неколку пати, а да очекуваш различни резултати”.

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст