Виличните аномалии и самодоверба кај пациентите

Д-р Ирена Арсовска: „Убавите заби нека бидат една од причините да бидете постојано насмеани.“

 Што е ортодонција?

– Ортодонцијата е стоматолошка клиничка специјалистичка гранка која се занимава со растот, развојот и одржување на целиот дентофацијален комплекс како и проучување на развојните пореметувања и сите фактори кои можат да бидат причинители на малоклузии. Поимот малоклузија или
ортодонтска аномалија означува разлчни варијации во изгледот на вилиците, положбата на забите и нивниот меѓусебен однос.

Причини за ортодонтски аномалии се најчесто генетска предиспозиција, лоши навики, одредени болести, особено опструктивни проблеми со дишењето, како и повреди во пределот на дентофацијалниот комплекс. Последиците се не само естетски, иако тие може да бидат највоочлви, туку и
нарушување на мастикаторната функција, проблеми со правилен говор, дегенеративни промени во виличниот зглоб, и уште многу дисфункции како резултат на неправилно воспоставените меѓувилични односи.

Неправилностите во положбата на забите допринесуваат за отежнато одржување на орална хигиена, зголемена инциденца на кариес и пародонтлошки проблеми.

Според наведеното ортодонцијата е сеопфатна наука и пракса која овозможува корекции на положбата на забите, воспоставување на правилни меѓувилични односи и правилна функција на стоматогнатиот систем, орално здравје, естетика, функција и од психолошки аспект поголема самодоверба
за пациентите.

Д-р Ирена Арсовска,
Доктор на стоматологија, специјалист по ортодонција
ПЗУ Ортодент-АРС

слични постови

Очилата на возрасните (или: Како престанавме да им веруваме на...

„Сакам да сум дете, а во исто време и не сакам... Кога си дете, возрасните не те доживуваат сериозно и не го слушаат твоето...

Очилата на возрасните (или: Како престанавме да им веруваме на...

„Сакам да сум дете, а во исто време и не сакам... Кога си дете, возрасните не те доживуваат сериозно и не го слушаат твоето...

Срамот, чувството на дефектност и вината: товарот на туѓите очекувања

Многу млади луѓе носат длабок срам и вина затоа што чувствуваат дека ги разочаруваат своите родители и дека не ги исполнуваат очекувањата на блиските....

Кога премногу боли за да се каже! ( за самоповредувањето...

Во работата со адолесценти, една од најтешките и најдлабоко вознемирувачките појави е самоповредувањето. Најчесто се случува непланирано и  незабележливо – гребаници под ракавите, скриени...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст