„Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“. Вклучете се!

Почитувани кумановчани, фотографи и љубители на уметничката фотографија, Националната Фото унија, во соработка со Фото клуб Куманово, со задоволство ве поканува да учествувате во отсликување на нашиот град Куманово и кумановскиот регион. Проектот што двете здруженија имаат желба да го реализираат е наречен „Градска хроника: 505 фотографии, 505 години Куманово“. Целта на проектот е да се отслика и долови суштината и убавината на нашиот сакан град, Куманово. Без разлика дали сте искусен фотограф, аматер или едноставно сте луѓе кои го сакаат неизмерно својот град, ве поздравуваме и поттикнуваме да ни се придружите во прикажувањето на она што го прави Куманово уникатно.

Од фотографиите кои ќе пристигнат, ќе се направи селекција и од нив ќе се организира изложба во некој од локалните изложбени салони.

Доколку здруженијата успеат да ги соберат потребните материјални средства, наредната година имаат желба овој проект да прерасне во книга.

Зошто да учествувате?

Оваа фото-одисеја не е само обично фотографирање, туку се работи за раскажување на приказната за нашиот град низ вашите очи. Без разлика дали ве привлекуваат историски знаменитости, архитектура, инфраструктура, раздвижените населби, живописниот парк или живописните улични сцени, најзначајни настани, најзначајни личности, занаети, природни убавини или сакрални споменици, вашата перспектива е непроценлива во доловувањето на духот на Куманово.

Вашите фотографии можете да ги испратите со пополнување на следната форма или можете да ги испраќате на e-mail адреса на ФКК: [email protected]

Рокот за доставување е 30.08.2024 година. Ве очекуваме!

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст