Почитувани и мошне симпатични читатели на „Плоштад“.

Во непотполна, но принудна согласност со високите температури, што безобразно нè тераат да позајмиме книга од библиотеката и да се сликаме со неа на песокта до морето, редакцијата ќе направи некои привремени прилагодувања на летните содржини.

Во овој период, ќе се фокусираме на тоа да ви донесеме лесни и пријатни содржини кои совршено ги надополнуваат вашите летни денови. Ќе се потрудимне да останете информирани со резултати и моменти од Европското фудбалско првенство 2024, ќе побараме најдобар рецепт како да си направите освежителни пијалоци, слични на класичниот „Секс на плажа“ и други помалку омилени за уживање на вашите дружби покрај вода.

Се надеваме дека овие промени ќе ја подобрат вашата навика за релаксација преку читање и ќе обезбедат прекрасно бегство од жешкото секојдневие.
Ви благодариме за вашата континуирана поддршка и разбирање. Ви посакуваме прекрасно лето!

Со почит,
Плоштад редакција

слични постови

Промоција на книгата „Ништо нормално“ – Симона Јовановска

Ве покануваме на промоцијата на најновата збирка раскази со наслов „Ништо нормално“ на талентираната Гостиварчанка Симона Јованоска, која ќе се одржи на 11.06 (четврток)...

Женската одбојкарска екипа на Куманово заминува на подготовки на Златибор

Меморандумот за збратимување помеѓу општините Куманово и Чајетина дава резултати. Неуморниот Марјан Стошевски – Мако, кој е иницијатор на оваа соработка, нè извести за една...

Панихида во чест на Драган Богдановски

Денеска се навршуваат 28 години од погребението на Драган Богдановски во Куманово, кој починал на 31 мај 1998 година во Данска. Тој е еден од...

Биди и Ти средношколец во ОСТУ „Наце Буѓони“!

Врз основа на Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2026/2027 година објавен од Министерството за образование и наука, Училишната комисија...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст