Мој фаворит е Данска

Во предвечерието на големото фудбалско европско првенство сите ние имаме свои видувања, очекувања, фаворити за победник на истото. Првенството ќе биде едно од посиромашните со фудбалски убавини бидејќи фудбалот веќе не се игра за убавина, око и душа, туку за успех и трофеј. Веднаш на почеток да кажам дека ќе има многу изненадувања, како пријатни така и непријатни. Прво да почнам со тоа кој ќе разочара. По мене Италија нема да се прослави на ова првенство, бидејќи нивното „катанаџо“ е прочитано, а и веќе немаат поединци како: Роси, Баџо, Тоти, Инзаги, кои можеа да решат сами еден натпревар. Португалија исто не ми е некако за висок пласман. Посебно ќе се осврнам на тоа кои ќе се изненадувањата во позитивна смисла. Албанија, која има извореден тим посебно во дефанзива, мислам дека ќе изненади. Швајцарија отсекогаш била добра, цврста екипа и едноставно, може секого да надигра. Тоа е за екипите што се однесува до разочарувања и изненадувања. Во полуфиналето ги чекам Хрватите, Французите, Шпанците и Данците, а фаворити за финале за мене се Данска и Хрватска, односно Франција. За Србите не коментирам оти може сешто да очекуваме од нив. Германците не ми се некоја екипа и не ни прогнозирав за нив. Како и да е, со нетрпение го очекувам почетокот на првенството! Ќе биде ова едно возбудливо лето, пред сè за дружба по оладените дворови, кафеани, викендици, во спортски дух и освежителни пијалоци. Ви посакувам што повеќе точни прогнози и фер судии.

Драган Стевковски – Соколански Пижон

слични постови

Мој фаворит е Португалија

Искрено, очекувам крајно интересно и неизвесно Европско Првенство. Од моја гледна точка, не гледам ниту еден изразен фаворит затоа што според имињата и моменталната...

Дрим Тим на Оливер Стојмановски – Цобра

Кога тимот за кој навиваш откако знаеш за себе, има генерација која го освои најважниот клубски трофеј во фудбалот, Купот на европските шампиони, во...

Мој фаворит е Франција

Откако ќе започнат фантастичните фудбалски натпревари на Еуро 2024, што со нетрпение ги очекуваме, не само што ќе видиме неверојатни натпревари, туку и неверојатни...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст