„Магични обреди за пад на режим“

Има една група на фејсбук во Србија која се вика „Магијски обреди за пад режима“. Името е од неодамна променето од првобитното „Ветерани уличних протеста“ поради тоа што членови на групата сакале да се исколат помеѓу себе околу тоа кој е во право – опозиција која оди да гласа или опозиција која ги бојкотира изборите. Позицијата, односно нејзиното најтесно членство, нема избор: мора да гласа и сето тоа некој уредно да го евидентира.

Секое гласање (дури и во домашни услови на едно семејство кој филм да се гледа) им овозможува на граѓаните да го кажат своето мислење за тоа дали се зрели да донесат промени вклучувајќи се директно во демократскиот процес.

Од друга страна, оние кои ќе изберат да ги бојкотираат изборите може да го сторат тоа од различни причини. Тие може да веруваат дека изборниот систем е погрешен или корумпиран, дека ниту еден од кандидатите не ги застапува нивните интереси или дека гласањето го легитимира системот што тие го сметаат за неправеден. Овие лица може да се залагаат за алтернативни форми на политичко учество или активизам, како што е на пример приклучување кон групата наречена „Магијски обреди за пад режима“. Овие лица, исто така, може успешно (многу ретко) да организираат протести под име „Нели ти реков“ (на чист кумановски „Еде ли гомна ја“) само за да пркосат на личната опозициона багатела во рамките на пошироката опозициона коалиција која што допрва треба да се пазари.

Бласфемијата во политиката не се случува прв пат на овие избори во „нашата земја“. Таа и порано се користела кога незадоволството од власта било насочено за политичка корист. Во тие случаи (охх, колку ли се само бројни!), политичарите и/или политичките партии се обидувале да го одвлечат вниманието од сопствените недостатоци, повикувајќи се најчесто на националистички чувства и прикажувајќи ја критиката или опозицијата како богохулно непатриотска. На овој начин само се создава клима за своевидно задушување на несогласувањето, додека поединците кои зборуваат против владата биле/се сосема маргинализирани.

Навистина, од каде таа потреба за високо морализирање во политиката?

Стево беше претставен како „претседател на сите“. Зарем не треба „сите“ (тука доаѓа здодевното набројување на сите националности кои живеат на овие простори) да се чувствуваат дека добиле претседател кога ќе заврши ова делење на маици, пенкала и запалки до „секој еден“ граѓанин на нашата земја? Зарем не треба сите да дознаат чиј прадедо бил Васил Драгомански? Секој еден. Секој еден што се разболел од рак, додека му вбризгувале вода и шеќер во вените на „државна клиника“. Забележувате: сé е во наводници. Нашата земја е одамна во наводници. Се сведовме на транзициона херојска земјичка преку која поминуваат мигранти, за кои што Западот единствено се секира да не им ги праќаме натаму, туку да понудиме програми за нивно прифаќање и „инклузивност“ во она фамозно „едно општество за сите“. Пак наводници. Освен за корупцијата. Таа остана бастион на сите наши стремежи.

Исто како што беше претходно, во времето на Тодоров, кој можеби нема да добие позиција на Министер за здравство во иднина, но кој морализираше под премисата дека сме луѓе и дека ако многу работиме, многу и грешиме. Како само имаме сочни кумановски пцовки за таквите!

Но, оние кои не излегуваат на избори имаат одамна расчистено и со клетви и со пцовки.

Тие знаат дека ебан си е ебан, тепан си е тепан. Притоа, не алудираме на настаните од 27 април. Тука на секој еден му стана јасно кој е тепаниот. Ами, со кого тој ќе прави коалиција сега, тоа е прашањето. Бизнисот е измешан како карти во бриџ од клубот на вдовици на британското село Сасекс. А, пара врти, пара збори. Можеби Стевче нема да биде фактор икс во новата Влада, но пазарења ќе има. Токму затоа неопределените се тивки и, ако така сакате, од нив ќе зависи идниот парламентарен состав, и ако така милувате, нека тие бидат виновниците за сите промени што ја тангираат „европската иднина“ како „горди Македонци“ потпишани „со лева рака“ за кои „вреди“ да се гласа оти „знам за наша Македонија“ ќе одлучува за тоа „чие куче точак тера“. Во време на електрични тротинети. За кои веќе секој еден се изјасни дека ги возат педери.

Р.П.

слични постови

Пензиски маки големи

Деновиве повторно се отвори дебата дека линеарното покачување на пензиите е неуставно и дека Законот за пензиско осигурување јасно го дефинира тоа. Но, се...

Благородничка генерација

РЕОБЈАВА Плоштад, Објавено на 11 ноември, 2024 Ивица И. Алексовски Непреод и небидие. Непокор и распетија. Со такви тули, Анте Поповски ги соѕидал поетските палати во...

Зошто ЗНАМ победи во Куманово, а потфрли во другите градови?

Политичкиот феномен ЗНАМ на овие локални избори доби различни лица низ Македонија: триумфален во Куманово, но речиси невидлив во повеќето други општини. Таквата диспропорција...

Српската листа и независниот Диро со задоволителни резултати во Куманово, Левица...

Локалните избори во Куманово донесоа неколку изненадувања кои ќе ја редефинираат политичката мапа на градот. Иако на државно ниво најсилна е победата на ВМРО-ДПМНЕ,...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст