МОЈАТА АЗБУКА со Марија Колевски

Таа е толку млада, а веќе „стара“ читателка. Чита многу. Од книгите се инспирира и мотивира. Ја има тајната формула за успех при следење на сништа. Романтичар во душа, се разбира. Ја слуша баба си и не патува често со воз. Букси е врв на нејзината креативност – Марија, жената која ја создаде урбаната читална во нашиот град!

А

Азбука, како почеток на нешто, можности, нова шанса, нов ден

Б

Booksy – мојата кафе-книжарница, бренд, личен бренд кој значи автентичност

В

Воз до Велес, хаха, само еднаш се имам возено со воз и тоа до Велес

Г

Глава – убава, умна, преполна, замислена..

Д

Душа!

Ѓ

Ѓеврек, кој сите го викаме геврек

Е

Епизода! Само уште една епизода од омилената серија! Дали некој застанал на една?

Ж

Живот, кој го сфаќаш дури после триесеттата! жирафа – моето омилено животно!

З

Зора, утро, ранобудност, изгрејсонце

S

Ѕуница – најубавиот збор!

И

Италија, моја вечна љубов!

Ј

Јаболко и баба ми која секој ден ме потсетува да го јадам!

К

Куче, безусловна љубов

Л

Лето, лубеница, ладовина, лезет

Љ

Љубов, најголемата сила на Светот. А дали некој кажал друг збор на буквата љ?

М

Марија, име кое не си го сакав како малечка

Н

Небо, мојата неисцрпна инспирација

Њ

Њоки, тестенини, Италија, вино

О

Огледало – но, она кога ќе се видиш себеси во очите на другите!

П

Претприемништво, голем збор со уште поголемо значење

Р

Радост!

С

Слобода, една од моите топ 3 вредности!

Т

Телефон, како наше секојдневие.

Ќ

Ќор сокак – тогаш кога мозокот почнува да размислува побргу, да бара алтернативи и решенија.

У

Убавина, тешка, несфатена, дива, недоволна и предоволна

Ф

Фудбал, спорт кој не го разбирам

Х

Хулахоп, круг, почеток без крај

Ц

Цвеќе, букет љубов

Ч

Чаша за вино, со вино, во Италија

Џ

Џамлии и моето детство на улица

Ш

Штрк, како почеток на пролетта, на нов живот, на нешто убаво, бидејќи секогаш “ш” асоцира на крај, но според мене, секој крај е можност за нов почеток!

слични постови

Азбука на Александар Митрички

Музиката е најдобра работа што ја створил човекот. Јазик кој сите го разбираат. Музиката е бескрајна. Има свој почеток ама нема свој крај. Ги поврзува...

Азбука на Биљана Николовска

Познаниците ја опишуваат како елоквентна, елегантна, егзотична, ексцентрична, па дури и езотерична личност. Можеби токму овие невообичаени лични особини ја поттикнале да стане вљубеник...

Азбука на Ангела Петковска

Ангела Петковска е професорка по македонски јазик во кумановската гимназија. Учениците кои учат и сакаат да учат ја обожаваат и ја паметат како одличен...

Азбука на Наташа Атанасовска

Наташа Атанасовска е независна преведувачка, професорка по странски јазици и медиумски аналитичар која има работено, како што самата вели, „кај што ќе стигне“. Незаситен...

Следете нѐ

0FansLike
0SubscribersSubscribe

Најново

Фото Вест

Вози Мишко

Подкаст